Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокАнимеНеделни Аниме и Манга Вести! Zombie Land Saga, Twisted Wonderland и многу...

Неделни Аниме и Манга Вести! Zombie Land Saga, Twisted Wonderland и многу други!

Zombie Land Saga добива филм

Со соопштението дека Zombie Land Saga веќе има филм во продукција воедно добивме и тизер – трејлер. Овој проект е насловен како “Zombie naki Tatakai Saga Fukushu-hen (A Battle Without Zombies: Saga Revenge arc)”, а Актерите Hakuryuu и Kunio Murai се прикажани во трејлерот каде што имаат расправија за префектурата SAGA. Hakuryuu е гласовен актер на ликот White Ryu во Zombie Land Saga Revenge.

Анимето на MAPPA, Avex Pictures и Cygames Zombie Land Saga премиерно беше прикажано во октомври 2018 година. Продолжението на анимето на Zombie Land Saga Revenge беше прикажано во Јапонија на 8 април и се емитуваше во 12 епизоди.

Zombie Land Saga ја следи Sakura Minamoto, која сонува да биде идол, но е удрена од автомобил и се буди како зомби. Се појавува човек по име Kōtarō Tatsumi и и вели дека ја регрутира во идол група составена од зомби, мртви девојки што ги регрутирал од неколку епохи на јапонската историја.

Играта Disney:Twisted Wonderland добива аниме адаптација

Twisted Wonderland е игра во која карактерите се од различни Дизни анимирани цртани и филмови кои се нацртани во аниме стил. Аниме адаптацијата на Twisted Wonderland ќе биде ексклузивна за Disney+. Авантуристичката игра наменета за телефони беше објавена во март 2020 година, и оттогаш стана голем хит во Јапонија.

Играта е соработка помеѓу Walt Disney Japan и Aniplex, а е дизајнирана од Yana Taboso кој е креаторот на Black Buttler.

Приказната го следи главниот лик кој е повикан во друг свет со магично огледало и пристигнува во училиштето за магична обука, Night Ravens College. Покрај сите различни авантури и запзнавања со различни студенти од школото кои се инспирирани од Дизни карактери, целта на карактерот е да го најде патот до дома.

Оригиналните гласовни актери на Cowboy Bebop се враќаат за Јапноскиот Dub на новата серија

Нетфликс во средата објави дека јапонската синхронизација за адаптацијата на анимето Cowboy Bebop ќе се состои од актери кои ќе ги репризираат нивните оригинални улоги.

Јапонската dub екипа вклучува:

Kōichi Yamadera – Spike Spiegel
Norio Wakamoto – Vicious
Megumi Hayashibara – Faye Valentine
Gara Takashima – Julia
Taiten Kusunoki – Jet Black
Tsutomu Tareki – Punch
Miki Nagasawa – Judy
Takaya Hashi – Teddy Bomber
Kenyuu Horiuchi – Gren
Masako Isobe – Mao
Romi Park – Shin
Hikaru Midorikawa – Lin

Taiten Kusunoki ќе го замени покојниот Unshō Ishizuka како глас на Jet Black. Други нови членови на актерската екипа вклучуваат Masako Isobe како Mao кој првично беше игран од Kazuaki Itō. Romi Park како Shin, кого Nobuyuki Hiyama го збореше во оригиналното аниме.

Спин-оф мангите на Detective Conan „Hannin no Hanzawa-san“ и „Zero no Tea Time“ добиваат аниме адаптација

Двата проекти се дел од прославата за 100-тиот број на Detective Conan, кој се појави на полиците на 18ти октомври.

Оригинално мангата на Gosho Aoyama, се врти околу средношколскиот детектив Shinichi Kudo, кој изгледа како мало дете поради труење од мистериозната црна организација.

Напишано и илустрирано од Takahiro Arai, Zero no Tea Time(Zero’s Teatime) го прикажува секојдневниот живот на популарниот детектив Toоru Amuro.

Во меѓувреме, Hannin no Hanzawa-san(The Culprit Hanzawa) е gag манга од Mayuko Kanba, која се работи за силуетата која се залага за мистериозниот „криминалец“ во главната манга на Detective Conan.

Допрво ќе следуваат други информации околу овие две аниме адаптации.

Новото Black Rock Shooter: Dawn Fall аниме ќе се емитува следната пролет

Официјалната веб страница за анимето ни го откри тимот кој ќе работи зад овој проект и визуелна слика од главниот карактер.

Tensho ќе режира во Bibury Animation Studios и Bibury Animation CG. Писателите на Psycho-Pass, Makoto Fukami и Ryo Yoshigami, ќе го пишуваат сценариото.

Black Rock Shooter e франшиза која е базирана на карактер од илустраторот Ryohei Fuke кој што почна да добива поголема популарност откако Ryo од популарниот бенд Supercell беше инспириран да ја напише песната со истото име која беше во колаборација со Hatsune Miku.

По таа популарност Black Rock Shooter се прошири во манга, аниме, игри итн.

Популарното аниме The Prince of Tennis ќе се врати на ТВ со својата нова аниме серија после 10 години

Со наслов New Prince of Tennis: U-17 World Cup, серијата треба да се емитува во 2022 година.

Многу членови на актерската екипа треба да ги повторат своите улоги, вклучувајќи ги и Junko Minagawa – Ryoma Echizen, Ryotaro Okiayu – Kunimitsu Tezuka, и Junichi Suwabe – Keigo Atobe.

Keichiro Kawaguchi ( The Prince of Tennis: Best Games!!, The Prince of Tennis: Hyotei vs. Rikkai Game of Future), исто така ќе се врати да ја режира серијата во Studio Kai и M.S.C.

The Prince of Tennis е базирана на хит манга серијата на Takeshi Konomi. Приказната го следи тенискиот продиџи по име Ryoma, кој се запишува на Seishun Academy. Истата академија како неговиот татко, кој исто така е познат тенисер познат како „Samurai Nanjiro“.

Catwoman: Hunted нов аниме инспириран филм на DC

Филмот ја следи Catwoman која има цел да краде скапоцени камења. Во меѓувреме, една од нејзините придружби во филмот е Batwoman. Во трејлерот се прикажани и Black Mask, Solomon Grundy, Talia Al Ghul, Interpol и други кои ја следат Catwoman.

Во продукција на Warner Bros. Animation, DC и Warner Bros. Home Entertainment, Catwoman: Hunted е напишана од Greg Weisman, а е во режија на Shinsuke Terasawa и ќе може да се гледа на 8 февруари 2022 година.

Attack on Titan со официјален датум и трејлер за финалната сезона

Attack on Titan ќе почне да се еминутва во јануари 2022 година. Доколку сакате да ја прочитате целосната статија со сите новости за последната сезона на Attack on Titan кликнете тука.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ