Денес е понеделник, 15 април 2024
ПочетокАнимеСветот на POKÉMON оживеа во „Литература МК“

Светот на POKÉMON оживеа во „Литература МК“

Се прашувате како си поминавме на „Првиот Официјален Pokémon Настан“ во Македонија?!

Светот на Pokémon оживеа во Скопје! Како на светските собири посветени на мегапопуларната јапонска анимирана франшиза, „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во саботата (23 март) неколку часа беше епицентар на феноменот Pokémon. Неколку стотици македонски фанови, од повеќе генерации, беа дел од првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој „Литература.мк“ го организираше во соработка со „Комикс“ и „Пагода“.

May be an image of 6 people, newsstand and text

Интерактивниот настан почна со едукативна презентација, со која најмладите посетители се запознаа со почетоците на Pokémon, дознаа интересни факти, а имаше и мини-квиз на кој беа доделени награди за најбрзите (и точни) одговори.

May be an image of 3 people, video games and text

Во вистинска покемон-атмосфера, проследена со тематска музика, видеоинсерти, играчки, украси и маски со омилените ликови, следуваше обука за играње со безвременските карти. Многумина посетители ги имаа донесено своите лични колекции и албуми со карти, а голем дел од нив и се разменуваа. Повозрасните фанови се вклучија во турнирот во мобилната видеоигра Pokémon GO. На турнирот Pokémon Go PvP, проследен со многу возбуда и адреналин, првото место го освои Васко Ѓорѓиевски. На втората позиција се најде Виктор Игнов, трет беше Златко Стефковски, а четврто место беше Димитри Желков.

May be an image of 9 people, television, crowd and text

„Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, обезбеди награди и вредносни ваучери за победниците на турнирот и на квизот, како и многубројни изненадувања за посетителите.

May be an image of 5 people and text

– Ни претставува големо задоволство што преку овој настан го донесовме Pokémon- универзумот во нашата метропола, и покажавме дека тука има и публика и услови за одржување случувања од светски калибар. Покемон има своја многубројна публика во нашата земја. Тоа се покажа и со овој настан. Драго ни е што имавме можност на едно место да ги собереме фановите од сите генерации, да се дружат, да разменат знаења, но и карти. Им честитаме на најуспешните на турнирот и благодарни сме на сите што се пријавија, и што дојдоа на натпреварот. Особено нѐ радува што во публика имаше млада, многу добро информирана Pokémon-публика – велат од „Литература.мк“.

May be an image of one or more people, hat shop, crowd and text

Тимот на „Пагода“, што се вклучи во едукативниот дел, како и во турнирот, вели дека одржувањето на првиот официјален Pokémon-настан е од големо значење за фановите во Македонија.

May be an image of 1 person, video games and text

– Pokémon во „Литература.мк“ означува еден јубилеен ден за нашата заедница. Историјата на серијата и игрите е длабоко вкоренета во нашата поп-култура и можеме да кажеме дека сме почестени што бевме дел од организацијата на првиот официјален Pokémon-настан на нашите простори. Ретка и прекрасна глетка е да се видат толкав број фанови од различни возрасти на едно место здружени преку игра, размена, комуникација и здраво ривалство. Се надеваме дека ова е почеток на една нова ера за Pokémon-фанови во нашата држава. Сакаме од сè срце да им се заблагодариме на „Literatura.mk“, кои нам и на нашите пријатели „Comics.mk“ ни веруваа на сите сугестии и ги испочитуваа сите наши барања за овој настан да помине онака како што помина, велат од „Пагода“.

May be an image of 3 people

Pokémon е една од најпопуларните јапонски франшизи, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.

May be an image of 9 people and text that says 'ви благодариме KéMON'

Производите инспирирани од Pokémon се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ