Денес е среда, 24 јули 2024
ПочетокАниме„Литература.мк“ го организира првиот официјален Pokémon- Настан за македонските фанови

„Литература.мк“ го организира првиот официјален Pokémon- Настан за македонските фанови

Македонските фанови, конечно, ќе можат да учествуваат на настан инспириран од светот на Pokémon (Покемон)! 

Книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој ќе се одржи на 23 март (сабота), со почеток во 18 часот.
На интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс МК“ и „Пагода“, ќе започне со презентација наменета и за најмладите и за постарите, по што следува размена, играње и едукација на безвременските карти, турнир во мобилната видеоигра Pokemon GO, а сето ова ќе биде проследено со тематска музика, тематски пијалоци, аниме инсерти и вистинска Pokémon атмосфера!
Пријавувањето за турнирот во Pokémon GO е достапно на следниот линк:
https://www.literatura.mk/link/mxLwFTaWBz
А ќе следуваат и награди за првите три места!
„Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за посетителите. Исто така, почнувајќи од 16 март, ќе има 20 % попуст за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk на дел од производите на Pokémon.
Pokémon е можеби една од најпопуларните јапонски франшизи, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.
Настанот во „Литература.мк суперстор“ е од отворен тип и е наменет за фанови од сите генерации!
Gotta Catch ‘Em All во Скопје!
Ве очекуваме!
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО