Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокАнимеDemon Slayer: Kimetsu no Yaiba доби официјален датум на премиера и нов...

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba доби официјален датум на премиера и нов трејлер!

Втората сезона на Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba сега има официјален датум!

Наместо да започне со веќе најавениот Entertainment District Arc како што сите очекуваа, Funimation откри дека филмот Mugen Train ќе биде адаптиран во седум епизоди, Mugen Train Arc. Oвој arc ќе се емитува прво и ќе вклучува 70 нови сцени, нови музички нумери, прегледи на епизоди, нова тематска песна. Ќе се прикажува досега невидена оригинална епизода на Kyojuro Rengoku, кој ќе преземе нова мисија на пат кон Mugen Train.

Mugen Train Arc ќе се емитува на Funimation во недела, 10 октомври. Овој Arc ќе ја поврзе сезоната 1, Tanjiro Kamado, Unwevering Resolve Arc, со сезоната 2, Entertainment District Arc. Тоа ќе биде адаптација од оригиналниот изворен материјал – мангата напишана од Koyoharu Gotouge. Заедно со вестите, дојде нов клучен визуелен материјал за Mugen Train Arc и нов трејлер.

Entertainment District Arc ќе започне со нов OP и епизода која ќе биде долга еден час. На 5ти декември ќе продолжи да се емитува секоја недела во зимскиот период.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ