Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокПоп КултураDisney се во опасност да ги изгубат авторските права на скоро сите...

Disney се во опасност да ги изгубат авторските права на скоро сите Avengers, детално објаснето!

Судскиот процес започна, компанијата се соочува со огромна опасност да ги изгуби Marvel правата почнувајќи од 2023 година.

Во последната деценија, Avengers ликовите како Iron Man, Black Widow, Doctor Strange, Spider-Man, Ant-Man, Hawkeye, Falcon, Thor и многу други се трансформираа од обични стрип карактери до суперѕвезди на Поп-Културата! Не само тоа, придонесоа кон создавање на милијарди долари за Disney па токму затоа филмскиот универзум на Marvel е најуспешната франшиза во историјата на Hollywood.

Што точно се случува?

Наследници (роднини) на неколку стрип легенди како Stan Lee, Steve Ditko и Gene Colan, преку нивниот адвокатски тим одлучиле да бараат декларативно олеснување од авторските права (за стрипови, филмови, серии, видеоигри) на блокбастер ликовите кои биле создадени преку платена работа. Ликовите кои биле создадени од страна на овие три артисти биле сопствена креација која потекнувала само од нив. Нивната работа била платена од страна на Marvel но според наследниците тоа не дава за право нивните уникатни дела да бидат користени без дозвола од самиот креатор. Во случајов сите овие артисти веќе не се живи, нивните наследници одлучуваат за понатамошниот тек на делата.

Stan Lee, Steve Ditko и Gene Colan

Како било во минатото?

Во текот на 40-50-60-тите години, авторските права за ликовите се воделе како сопственост на издавачката куќа во која биле издадени. Во тоа време имало различни договори (па скоро и немало) за како еден писател или уметник ќе ги толкува правата на неговите ликови. Не се очекувало дека тие ликови еден ден ќе прераснат во ваков светски феномен па токму затоа немало ни прецизни договори за нивните дела. Едноставно појаснето: Правата на ликовите кои биле создадени во непречена сопственост на Marvel, поради фактот што се дело на платена работа од страна на издавачката куќа.

Stan Lee во неговата стара канцеларија во 1990та година

Како е денес?

Скоро сите нови писатели и артисти работат на стрип изданија со ликови кои веќе биле измислени во минатото. Но доколку се создаде некој нов лик во денешно време, тогаш креаторот потпишува договор со Marvel дека сите права на тој лик остануваат сопственост на компанијата (секако доколку креаторот сака неговото дело да биде издадено од Marvel или доколку идејата за ликот потекнува од самата компанија). Разликата е што во денешно време има прецизни договори и точно е одредено каде лежат тие права. Во минатото тоа се толкувало само како платена работа. Дополнително многу закони во САД се изменети во тие 70 години, многу повеќе права се дадени на уметниците и нивните уникатни дела, па токму затоа ова може да биде дополнителен плус за наследниците да ги добијат нивните барања.

Disney моментално ги тужи наследниците со цел да ги обезбеди правата од нивно copyright олеснување.

Можни сценарија од тужбата:

  1. Disney да победи на суд, со доказ дека артистите во тоа време работеле под брендот на Marvel и правата за сите ликови се основа на платено дело. Покрај тоа имајте на ум дека Disney има можност да ги обезбеди најдобрите адвокати во САД, а правниот тим на компанијата можеби веќе бил спремен за ова сценарио. Сепак нивната работа е да анализираат и можни несакани тужби во иднина.

  2. Наследниците да добијат провизија за секое профитабилно користење на Avengers ликовите од страна на компанијата Disney. Тоа е нивната главна цел, да монетизираат одреден % на права или одреден % од целокупната заработка.

  3. Третото и можеби невозможно сценарио е наследниците целосно да ги добијат сите права за ликовите на Marvel па буквално жаргонски кажано „да прават што сакаат.” Доколку ги добијат сите права, сами ќе може да одлучуваат дали ќе ги изнајмат или продадат авторските права назад на Disney или ќе ги изнајмат или продадат авторските права на друго студио (Sony, Warner Bros, Universal, Netflix или слично).

*Овие сценарија важат само според законите на САД, во секој случај авторските права и заработката од сите останати држави во светот ќе си останат во сопственост на Disney.

Адвокатот Marc Toberoff ќе ги претставува Disney на судењето, истиот адвокат ги бранел DC од сличен случај за Superman каде победил. Но иронично е тоа што истиот адвокат го бранел и Jack Kirby на судење за враќање на правата на Spider-Man, X-Men, The Incredible Hulk и The Mighty Thor во кое Marvel го добиле според основ на платена работа за издавачката куќа во која работел.

Адвокатот Marc Toberoff

Освен фактот што Disney имаат огромни ресурси и добар адвокат, правниот систем во САД се нарекува „Common Law” каде се суди по принцип на слични случаи од минатото а законот е на второ место (во нашата држава е обратно). Токму затоа овој случај има голема веројатност да биде добиен од Disney ако процениме според слични судења во минатото.

Замислете доколку се откажат Fantastic 4, Guardians of the Galaxy vol. 3, Ant-Man and the Wasp: Quantumania и сите Disney+ серии почнувајќи од 2023 година.

Останува да видиме!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ