Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокАнимеДобивме прв официјален трејлер за Star Wars: Visions анимето!

Добивме прв официјален трејлер за Star Wars: Visions анимето!

Оригиналниот проект што со нетрпение го очекуваат сите фанови на аниме и Star Wars, комбинација од оригиналнa јапонска анимација од дури 7 различни студија и огромен материјал од универзумот на Star Wars. Погледнете!

Star Wars: Visions премиерно ќе го гледаме на Disney + од 22 Септември 2022 година. Во продолжение неколку интересни факти и детали за целиот проект!

 

  1. Настаните во Visions нема да бидат поврзани со главните настани во универзумот на Star Wars, ќе си бидат приказни сами за себе.
  2. Lucasfilm најавија 7 аниме студија кои ќе работат на 9 кратки епизоди, покрај студијата ги добиваме и насловите на епизодите:
  • Kamikaze Douga – The Duel
  • Geno Studio (Twin Engine) – Lop and Ochō
  • Studio Colorido (Twin Engine)  Tatooine Rhapsody
  • Trigger  The Twins
  • Trigger  The Elder
  • Kinema Citrus  The Village Bride
  • Science Saru – Akakiri
  • Science Saru – T0-B1
  • Production IG  The Ninth Jedi

3. Lucasfilm веќе подолго време го планирале токму овој проект кој црпи инспирација од јапонските аниме серијали.

4. Скоро сите аниме студија кои работат на епизодите се големи Star Wars фанови.

5. Продукцијата касни поради Ковид кризата.

6. Дуелот Kamikaze Douga е прикажан со многу елементи од јапонската култура (Samurai Jedi и Sith, Droid со Straw Hat и друго…)

7. Во приказната има многу елементи на класичните Star Wars филмови со вредности кои се пресликани во секоја од епизодите.

8. Анимацијата ќе се фокусира на природата и на индустрискиот дизајн.

9. Во серијата ќе се сретнеме со неколку добропознати ликови од филмовите.

10. Бидете спремни за први и оригинални Star Wars аниме композиции и аудитивни ефекти (Посебно за последната епизода која има специјална композиција снимана во Muza Kawasaki Symphony Hall, Japan).

11. Последната епизода под името The Ninth Jedi има епски карактер, покрај целата теминина во галаксијата, Jedi-ите треба да веруваат во себе и да се вратат уште посилни (анимирана од студијото Production IG познати по Ghost in the Shell па дури и по аниме секвенцата во Kill Bill на режисерот Quentin Tarantino)

Кастингот кој ќе ги синхронизира оригиналните гласовни актери на англсики јазик!

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ