Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокАнимеStar Wars: Visions - Special Look за првата аниме серија на Disney+...

Star Wars: Visions – Special Look за првата аниме серија на Disney+ (ВИДЕО)

Нешто сосема ново во светот на Star Wars!

Седум јапонски аниме студија работат со својот уникатен талент, колекција на анимирани оригинални кратки филмови, ‘Star Wars: Visions’ ќе го доживее совето деби на 22-ри Септември, 2022 година на стриминг платформата Disney+.

Новиот Star Wars панел ни образложи 12 факти за новата аниме серија кои не сме ги знаеле до овој момент:

  1. Настаните во Visions нема да бидат поврзани со главните настани во универзумот на Star Wars, ќе си бидат приказни сами за себе.
  2. Lucasfilm најавија 7 аниме студија кои ќе работат на 9 кратки епизоди, покрај студијата ги добиваме и насловите на епизодите:
  • Kamikaze Douga – The Duel
  • Geno Studio (Twin Engine) – Lop and Ochō
  • Studio Colorido (Twin Engine)  Tatooine Rhapsody
  • Trigger  The Twins
  • Trigger  The Elder
  • Kinema Citrus  The Village Bride
  • Science Saru – Akakiri
  • Science Saru – T0-B1
  • Production IG  The Ninth Jedi

3. Lucasfilm веќе подолго време го планирале токму овој проект кој црпи инспирација од јапонските аниме серијали.

4. Скоро сите аниме студија кои работат на епизодите се големи Star Wars фанови.

5. Продукцијата касни поради Ковид кризата.

6. Дуелот Kamikaze Douga е прикажан со многу елементи од јапонската култура (Samurai Jedi и Sith, Droid со Straw Hat и друго…)

7. Во приказната има многу елементи на класичните Star Wars филмови со вредности кои се пресликани во секоја од епизодите.

8. Анимацијата ќе се фокусира на природата и на индустрискиот дизајн.

9. Во серијата ќе се сретнеме со неколку добропознати ликови од филмовите.

10. Бидете спремни за први и оригинални Star Wars аниме композиции и аудитивни ефекти (Посебно за последната епизода која има специјална композиција снимана во Muza Kawasaki Symphony Hall, Japan).

11. Последната епизода под името The Ninth Jedi има епски карактер, покрај целата теминина во галаксијата, Jedi-ите треба да веруваат во себе и да се вратат уште посилни (анимирана од студијото Production IG познати по Ghost in the Shell па дури и по аниме секвенцата во Kill Bill на режисерот Quentin Tarantino)

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ