Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокАнимеChainsaw Man го доби првиот официјален трејлер!

Chainsaw Man го доби првиот официјален трејлер!

MAPPA го откри првиот целосен трејлер за новoто аниме Chainsaw Man. Студиото за прв пат го прикажа трејлерот за време на својот настан од 10-годишнината на MAPPA во неделата.

Оригиналната манга на Tatsuki Fujimoto прерасна во една од најпопуларните хорор/акциони серии што се водеше во магазинот „Weekly Shonen Jump“ на Shueisha минатата година, и се чини дека доби уште поголема слава по завршувањето на мангата.

Приказната е сместена во свет каде ѓаволите се раѓаат од човечките стравови. Ѓаволите обично се опасни и злонамерни, но луѓето можат да склучуваат договори со нив за да ја искористат нивната моќ. За да се намали нивната закана, постојат специјализирани лица наречени ловци на ѓаволи.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ