Денес е среда, 6 јули 2022
ПочетокСерииSquid Game - Сите интересни факти околу најпопуларната серија во светот! Добиваме...

Squid Game – Сите интересни факти околу најпопуларната серија во светот! Добиваме и новости за втората сезона.

Најновиот хит на Netflix достигна ОГРОМНА популарност, јужно корејската серија е главна тема за дискусија!

Интересни факти и детали за првата сезона:

  • Squid Game е број еден серија по гледаност во дури 90 држави.

  • Популарноста е за околу 79 пати поголема од сите други серии на Netflix.

  • Креаторот на серијата (Hwang Dong-hyuk) додека го пишувал сценариото бил принуден да го продаде својот лап-топ од $675 поради недовлно финансиски средства за живот.

  • Hwang Dong-hyuk ги смислил сите детали за серијата уште во 2008 година, но никој не видел потенцијал во неговата идеја бидејќи приказната делувала многу чудно и нереално. Па така бил одбиен од многу студија, актери и инвеститори.

  • Цели 10 години никој не му дал шанса за изработка на овој проект.

  • Извршниот директор на Netflix (Ted Sarandos) изјави дека наскоро можно е Squid Game да стане најпопуларната серија на сите времиња.

  • Јужно корејскиот интернет провајдерот SK Broadband ги тужи Netflix поради трошоци од создавање на огромен интернет сообраќај. Тој се зголемил за 24 пати со 1,2 трилиони битови на податоци обработени во секунда.

  • Објавено е дека Netflix и Google не плаќаат такса за користење на интернет мрежата во Јужна Кореја за разлика од Amazon, Apple и Facebook кои редовно плаќаат.

  • Според пресметките на интернет провајдерот, Netflix треба да плати такса од $23 милиони со цел да ги покрие сите трошоци за 2020 година.

  • Јужно корејската влада предлага до Netflix да ги покријат трошоците иако нивниот контра-аргумент е дека создале 16,000 нови работни места и инвестирале $654 милиони во рамките на државата.

  • Телефонскиот број на картичката за покана е вистински, сопственикот добива илјадници повици секој ден, прочитајте многу повеќе околу овој факт ТУКА.

Добиваме и новости за втората сезона на Squid Game од креаторот Hwang Dong-hyuk, не читајте подолу доколку не сте ја гледале првата сезона.

Креаторот има две идеи доколку воопшто добие одобрение за нова сезона (што во моментов е неизбежно):

“If I do get to do [another season], one [idea] would be the story of the Front Man.”

The Front Man

Другата замисла е да се прочепка темата околу проблемите со полицијата:

“I think the issue with police officers is not just an issue in Korea, I see it on the global news that the police force can be very late on acting on things – there are more victims or a situation gets worse because of them not acting fast enough. This was an issue that I wanted to raise. Maybe in season two I can talk about this more.”

Голема е шансата двете идеи да се соединат и да бидат главниот водич на новата сезона.

Дали мислите дека е потребно нова сезона?

Пишете ни подолу во коментари.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ