Денес е вторник, 19 март 2024
ПочетокСерииКомикс МК Рецензија - HBO's The Last of Us

Комикс МК Рецензија – HBO’s The Last of Us

Ова е дефинитивно најдобрата Live-Action адаптација на видеоигра во историјата на Hollywood.

Како големи фанови на безвременските наслови на Naughty Dog, со сигурност тврдиме дека исто толку уживавме и во првата сезона на The Last of Us.
Најпрво ќе ја истакнеме одличната продукција, дизајн, визуелни ефекти, шминка и естетика која навистина ги долови елементите на суровост, реалност, природа и напуштеност, кои се витална структура на еден пост-апокалиптичен свет. Секоја чест до тимот позади HBO кој во овој дел завршува одлична работа исто како во House of the Dragon и Game of Thrones.

The Last of Us set design shows a world where "civilisation is dead"

Приказната беше целосно адаптирана како во видеоиграта со мали промени во одреден тек и случувања на настаните кои делуваа добро и освежително (како Opening сцената на првата епизода која беше 10/10 и слично). Сепак треба да имаме на ум дека ова е сценаријо кое е приспособено да се пренесе на „малите“ телевизиски екрани. Убавината е што оваа приказна ќе биде прераскажана преку еден поинаков медиум, наменет за многу луѓе кои немале шанса да ги играат видеоигрите или за оние кои веќе ја играле, но повторно сакаат да ужуваат во истата. Мора да напишеме дека видеоигрите се можеби најдобрите Single-Player наслови со преживување кои сме ги искусиле, дополнително на тоа тие се оригиналниот извор на приказната и едноставно според нас носат многу поголемо уживање (поради можноста сами да го искусите светот), а вие пак може да воочите дека покрај тоа, ТВ серијата е навистина добра.

The Prowler | The Last of Us: Review

Кинематографијата и сите кадри се навистина убави и течни за гледање, дел од нив се пресликани исто како во видеоиграта и даваат посебен шмек. Музиката и сите музички ефекти се перфектни, доминираат жиците на гитара во новите додатни композиции кои се отсвирени само за ТВ серијата, тие имаат за задача да ја доловат осаменоста, празнината и суровоста. Инаку истите актери од видеоиграта ги позајмуваат и гласовите на Кликерите, навистина COOL!
Актерска екипа си ја врши задачата на високо ниво, буквално немаше ниту еден актер кој прикажа лоша глума, секоја чест за тоа. Pedro Pascal е убедливо број еден, заедно со Bella Ramsey ја имаат потребната хемија и динамика на татко и ќерка во едно вакво време-невреме. Најпрво имавме сомнежи за Bella поради фактот што не е доловен нејзиниот изглед како во видеоигрите, но сепак таа се докажа преку нејзината извонредна глума. Тие без никаков проблем ги доловија сите особини кои се карактеристични за Joel и Ellie – пожртвуваност, себичност, тага, страв, бруталност, љубов и способност за преживување. Емоцијата која ја прикажаа беше навистина врвна, уште во истиот момент се поврзувате и ги разбирате нивните ликови.

HBO's The Last of Us Changes Joel's Reason to Help Ellie

Простетиката и шминката на инфицираните беше 10/10, дополнително на тоа актерите кои ги играа тие улоги беа феноменални. Ретко се гледа таков квалитет. На видеото подолу може да дознаете повеќе информации околу процесот.

HBO Last of Us Clicker prosthetics & concepts. - tlou post - Imgur in 2023 | The last of us, Haunted house, Hbo

Заклучок: Влегуваме во еден мрачен свет во кој преку призмата на екстремност (апокалипса) се истакнуваат вистинските вредности на човештвото. Приказна која не е за инфицираните, ниту за пронаоѓање лек, тоа се само филтри кои служат да ги истакнат човековите особини и да ги зацврстат врските помеѓу луѓето. Една реална слика која во исто време може да биде застрашувачка и поучна. Не само поради можноста за габична инфекција (која според нас е многу пологичен извор на зомби инфекција наместо вирус, со оглед на тоа дека веќе постојат мравки кои се во зомби состојба токму поради габа). Можеби во одредени епизоди можеше да има побрзо темпо и одредени сцени да бидат малку скратени, со цел други сцени од видеоиграта да бидат прикажани. Сепак ова е проект кој без никакво размислување, мора да го гледате!

Оценка: 9/10

Рецензија напишана од Давид Ристовски.
P.S. Креаторите на ТВ серијата (и на видеоигрите) не дозволувале да се користи зборот Зомби (дури и на снимање), бидејќи како што кажавме, ова не е приказна за Зомбиња, туку за нешто сосема различно.

The Last Of Us: Pedro Pascal and Bella Ramsey on Becoming Joel & Ellie (Exclusive) - YouTube

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ