Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокАнимеСтудиото за анимација Powerhouse Animation кое ја анимираше Castlevania потпиша екскулизвен договор...

Студиото за анимација Powerhouse Animation кое ја анимираше Castlevania потпиша екскулизвен договор со Netflix за уште три нови анимирани серии!

Powerhouse Animation студиото потпиша ексклузивен договор со Netflix за анимирање на продолжението на Castlevania и две нови аниме серии Tomb Raider и Skull Island!

Powerhouse Animation ќе продолжи да работи со Netflix на новата серија Castlevania сместена во истиот универзум како и оригиналот, кој неодамна ја заврши својата четврта и последна сезона. Врз основа на класичната видеоигра Konami, Castlevania беше првата оригинална аниме серија на Netflix. Новото шоу, од водителот Clive Bradley, е во центарот на Richter Belmont, потомок на ликовите од Castlevania, Trevor и Sypha и се наоѓа во задина на Француската револуција.

Многу од вас можеби ја знаат и ја изгледале анимираната серија Castlevania или пак играле некоја од видеоигрите, но за тие што не знаат, наша препорака е да ја погледнете!

 

Соработките на Netflix и Powerhouse, исто така ги вклучуваат и анимето Blood of Zeus кое е базирано на грчката митологија и CG – анимираната серија Masters of the Universe: Revelation која е директно продолжение на оригиналната анимирана серија од 1982 година, He-Man and the Masters of the Universe.

Powerhouse ќе работи и на анимето Tomb Raider кое ќе се одвива по случувањата на новата трилогија. Директното продолжение на видеоигрите во анимирана форма ќе ја однесе Lara Croft во нова авантура низ светот. Анимето ќе биде напишано и произведено од Tasha Huo која исто така работи на играната серија Тhe Witcher: Blood Origin која ќе биде 1200 години пред светот на The Witcher што го знаеме денес и ќе ја раскаже приказната како настанал првиот Witcher!

Netflix најавија и Skull Island аниме во соработка со Powerhouse кој ќе биде дел од филмскиот универзумот на чудовиштата. Skull Island ќе инволвира група на научници кој слетуваат на островот полн со чудовишта на кој владее и е крал кој ако не самиот KING KONG!

Tomb Raider и Skull Island во моментов се во изработка, за сега немаме подетлани информации.

За сите новости читајте не!

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ