Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокАнимеШто да очекуваме од "Netflix Festival Japan 2021".

Што да очекуваме од “Netflix Festival Japan 2021”.

Netflix NFLX ќе ги открие јапонските наслови кои се емитуваат почнувајќи од оваа зима на Netflix Festival Japan 2021 во Токио на 9-10 ноември. Овој дводневен настан ќе ги запознае обожавателите со широк жанр на претстојни наслови, наслови со ѕвезди од целиот свет, Јапонски филмови, аниме, серии, емисии без сценарио, документарни филмови и многу други.

Netflix првпат беше достапен во Јапонија пред шест години. Оттогаш, јапонските креатори работат на тоа да донесат голем избор на различни содржини кои ќе допрат до меѓународната публика. Емисиите како DEVILMAN Crybaby, Beastars и Alice in Borderland се емитувани исклучиво на Netflix во странство и имаат голема популарност и успех.

Вторник, 9 ноември, ќе започне „Ден на аниме“ на фестивалот.

Anime Day ќе започне со цел панел за „JoJo’s Bizarre Adventure: Stone Ocean.“.

Првиот панел за Netflix Festival Japan ќе биде цел посветен на долго очекуваното продолжение на JoJo’s Bizarre Adventure: Stone Ocean part 6. Панелот ќе содржи музички настап на композиторот на сериите Yugo Kanno и разговор со главните гласовни актери од серијата, Fairouz Ai, Mutsumi Tamura и Mariya Ise.

Глобалната премиера на серијата ќе биде во декември 2021 година и се надеваме дека на овој настан ќе добиеме и точен датум.

Нетфликс ќе ги претстави насловите објавени помеѓу октомври и декември 2021 година, вклучувајќи ги The Way of the Househusband сезона 1, дел 2, Super Crooks, и сезона 4 на Aggretsuko. Како и наслови со долгоочекуваните нови сезони вклучувајќи ги ULTRAMAN, Ghost in the Shell: SAC_2045, Record of Ragnarok и Rilakkuma’s Theme Park Adventure.

Нетфликс, исто така, ќе обезбеди нови информации за сериите што ќе бидат објавени во 2022 година, вклучуваат ги Spriggan, Thermae Romae Novae и Drifting Home.

Среда, 10 ноември „Ден за live-action филмови“.

Нетфликс ќе ги претстави претстојните филмови , We Couldn’t Become Adults (кој започнува да се прикажува во ноември 2021 година) и Asakusa Kid (премиерата на 9 декември), како и насловите што ќе бидат објавени во 2022 година, вклучувајки ги и сериите на Нетфликс The Journalist, Fishbowl Wives, He’s Expecting, First Love, и филмот Love Like the Falling Petals.

Netflix (NFLX) Festival Japan 2021 ќе биде достапен да се гледа во живо на YouTube.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ