Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиGal Gadot во улога на негативец во новата адаптација на игран филм...

Gal Gadot во улога на негативец во новата адаптација на игран филм според популарниот Disney цртан!

Нова филмска адаптација на добропознатиот цртан од нашето детство, првиот анимиран филм на Disney од 1937 година, Снежана и Седумте Џуџиња!

Во последните неколку години компанијата пронајде успех во продукција на безброј филмски адаптации како Dumbo, Aladin, The Lion King, Cruella, The Jungle Book, Mulan и други, па токму затоа на ред е еден од најдобрите Disney цртани на сите времиња!

Списанието Deadline ни пренесува дека израелската актерка Gal Gadot е во финални преговори да ја превземе улогата на главниот негативец во филмот, Evil Queen.

Gal Gadot to play Evil Queen in Disney's live-action Snow White | EW.com
Gal Gadot / Evil Queen

Веќе е потврдено дека главната улога на Снежана ќе ја игра американската актерка, пеачка и YouTube-ерка, Rachel Zegler која има само 20 години и е позната во филмот West Side Story во режија на Steven Spielberg.

Rachel Zegler, “Borëbardha” e re - SHQIP.com
Rachel Zegler / Снежана

Снимањето ќе започне во текот на 2022 година од страна на главниот филмски продуцент Marc Platt а за режисер е назначен Marc Webb кој е познат по The Amazing Spider-Man филмовите на Sony.

Marc Webb Talks Plans For Abandoned 'The Amazing Spider-Man 3'
Stan Lee и режисерот Marc Webb

Снежана и Седумте Џуџиња е првиот целосен цртан филм на Disney (издаден во 1937 година) во кој е искористена традиционална техника на рачни цртежи за секоја сцена/рамка.
Телевизиска емисија 1938 година која објаснува за традиционалниот процес на цртање на Disney:

По жанр ќе биде мјузикл во комбинација со фантазија (исто како цртанот) а во играниот филм малку ќе се прошири приказната заедно со песните и музичките елементи.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ