Иако сеуште немаме точен датум, барем имаме потврдена временска рамка за Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba, вклучувајќи и повеќе детали за анимето.
Официјалната веб страница откри дека серијата ќе се емитува во 23:15 часот секоја недела на ТВ Фуџи во Јапонија.
Има некои фанови кои веруваат дека втората сезона на Demon Slayer ќе биде достапна за гледање во октомври. Ако ова навистина се случува, тогаш официјален датум треба да добиеме овој месец.
Јурико Накамура, менаџерот на Фуџи ТВ по потврда за втората сезона рече дека анимето ќе има специјален не едитиран контент за гледачите. Тој го потврди тоа за време на интервјуто во понеделникот.
Анимето ќе се емитува цела година во текот на оваа есен, а исто така ќе продолжи да се емитува и во зимскиот период следната година.
Насловена како Yukaku-hen (the Entertainment District Arc), новата сезона ќе започне по настаните од филмот Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train кој што е еден од најуспешните аниме филмови.
Tanjiro и неговите пријатели мора да започнат нова мисија во забавниот дел Yoshiwara заедно со Tengen, the Sound Hashira.