Денес е вторник, 6 декември 2022
ПочетокГејмингPlayStation Showcase 2021 - STAR WARS, Spider Man 2, Projcet Eve, God...

PlayStation Showcase 2021 – STAR WARS, Spider Man 2, Projcet Eve, God of War: Ragnarok, Forspoken и многу повеќе!

Погледнете ги сите прикажани видеоигри од PlayStation Showcase 2021. Нови наслови, многу повеќе гејмплеј и неколку remasterd видеоигри.

PlayStation Showcase започна со најавата за преработката на видеоиграта Star Wars: Knights of the Old Republic. Ќе биде специјално изработена за PS5. Star Wars фанови погледнете го краткиот тизер!

Hack and Slash фанатици? PlayStation има подготвено нешто и за вас. Погледнете го првиот гејмплеј трејлер за Project Eve.

Од светот на видеоигрите Borderlands ни пристига соло авантурата на Tiny Tina ексклузивно за PlayStation со наслов Tiny Tina’s Wonderlands. Погледнете за каква фантастична видеоигра станува збор!

Нов наслов за кој имавме видено само малку. Погледнете го деталниот гејмплеј трејлер за видеоиграта Forspoken која изгледа феноменално и не очекува следната година на PS5 конзолите како и на PC.

Alan Wake e класична акција/авантура видеоигра за која ќе добиеме remastered верзија!

Следната видеоигра е многу пиплива тема за многу генерации на гејмери кој сè уште го чекаат шестото продолжение од видеоиграта. Колку и да не ве интересира погледнете го трејлерот за Grand Theft Auto V and Grand Theft Auto Online!

Следната видеоигра што ќе ја видите е многу необична, оригинална, темна и нешто што можеби и не сме виделе до сега. Ghostwire: Tokyo е акција/авантура која се одвива во градот Токио а, Akito е единствениот преживеан кој треба да се справи со непознатите злобни натприродни сили.

Погледнете го и новиот гејмплеј трејлер за Marvel’s Guardians of the Galaxy видеоиграта. За сите Marvel фанови подоле има две изненадувања!

Две нови видеоигри кој ни пристигаат оваа година и мислам дека сите веќе ги знаеме! Добра акција у прво лице многу крв и оружје. Погледнете ги гејмплеј трејлерите за Bloodhunt  и Deathloop.

Погледнете го краткиот тизер трејлер за хорор видеоиграта Kid A Mnesia Exhibition која исто ни пристига оваа година во Ноември!

PlayStation не ја заборава ни најмалата публика па има нешто подготвено и за нив.

Следниот наслов е исто така долгоочекуван се работи за брзи коли, адреналинска завист и многу концентрација. Погледнете го првиот официјален гејмплеј трејлер во најмали детали за Gran Turismo 7!

Да се навратиме на ексклузивите Uncharted кој верувам дека сите ги знаете и ги имате играно. PlayStation има специјална колекција од сите делови remastered ексклузивно за PS5.

И конечно стигнавме до Insomniac кој направија бум со Spider Man видеоиграта за PS4. На оваа презентација ексклузивно ни прикажаа трејлер за Spider Man 2 и нов наслов што ги шокираше сите Marvel фанови. Дами и господа погледнете го краткиот тизер за Wolverine!

И за крај една од најдобрите видеоигри некогаш создадена, лично моја омилена и верувам и на многу други. God of War: Ragnarok конечно доби гејмплеј трејлер за кој многу гејмери долго чекаа. Кој рече дека видеоигрите не исполнуваат соништа? Бидете подготвени за обид да се спречи Ragnarok!

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ