Денес е среда, 22 мај 2024
ПочетокСтриповиMonster - Манга рецензија од PARAGONS

Monster – Манга рецензија од PARAGONS

THE ONLY THING ALL HUMANS ARE EQUAL IN… IS DEATH.

Monster е манга серијал напишан и илустриран од Naoki Urasawa, еден од попознатите манга артисти, познат по серијалот 20th Century Boys. Всушност, најпрво почнав со читање на 20th Century Boys, но некако почетокот ми беше премногу несериозен, да не кажам детски, со goofy flashbacks од детствата на главните карактери. Некаде околу 15ти чаптер се откажав, и решив да сменам и почнам со Monster. Приказната во оваа манга е за доктор Tenma кој поради сплет на околности му го спасува животот на Johan, 10 годишно дете, кое потајно е психопат. Откако преку низа на убиства почнува да се открива дека Johan е олицетворение на се’ најлошо што може да се јави кај еден човек, Tenma си зема за задача да го најде и да го убие. Смета дека бидејќи тој го спасил, негова одговорност е да го убие и да стави крај на психопатот кој низ приказната често се споредува со Адолф Хитлер.

Monster е дефинитивно еден од најдобрите стрипови што сум ги читал. Приказната е точно комплексна колку што треба да биде, интригирачка, со одлично осмислено и реализирано дејствие. Johan е веројатно најдобриот манга негативец што сум го сретнал до сега. Целата приказна се врти околу него, а тој скоро никогаш и не се појавува. Неговото отсуство прави да неговиот лик претставува повеќе идеја отколку лик, поради што сите карактери пробуваат да ги откријат неговите мотиви и историја што го довело до овој стадиум да стане монструмот во центарот на приказната. Неговата мистериозност е комплементарно искористена за да се воведат доста интересни споредни карактери чии приказни на крајот секогаш индиректно откриваат нешто повеќе за Johan. Интересни споредни карактери е нешто што ретко кој стрип успева да го реализира, а тука Naoki Urasawa го изведува тоа беспрекорно.

Цел ден размислував што би пишал како негативна критика, и имам замерка само за две работи, од кои втората е малку цепидлачење. Првата замерка е цртежот. Не е лош, ама не е ни нешто посебно добар. Ако се земе нивото и стилот на кој се цртани попознатите манги, Monster сигурно ќе е меѓу послабо нацртаните. Втората, и последната работа која не ми се допадна, е спор почеток на приказната. Дејствието од првите 30 чаптери може комотно да се сведе на 15 до 20 чаптери без да се изгуби ништо суштинско, а да се добие на полесно заджување на внимание кај читателот.

Првичниот план ни беше денес да извадиме рецензија за Rorschach од Tom King и Jorge Fornes, но откако увидовме колку сличности имаат Monster со Death Note, се одлучивме веднаш после рецензијата на Death Note да ја објавиме оваа рецензија, и да направиме некоја споредба меѓу овие две манги. Monster е според мене далеку подобра манга од Death Note. Се’ што Death Note прави добро, Monster прави одлично (освен цртежот), и се што Death Note прави лошо, Monster прави пак одлично. Кога во Death Note се раскажува секој можен потег на карактерите до степен на банализирање, Monster те остава сам да разбереш зошто се случува она што се случува, односно не те третира како глуп. Кога во Death Note карактерите се психопати кои мислат дека се Господ тоа не изгледа органски, а во Monster пак си викаш „Овој стварно е семоќен, кој знае како ќе го решат…“ . Кога важен (па и спореден) карактер умира во Monster тоа има и емоционална и наративна тежина, а во Death Note ти е сеедно. Без дополнително должење, целта на овие споредби е да покажам дека според мене, од овие две (во многу нешта слични) манги, Monster е класи над Death Note. Поради тоа, Death Note доби оцена 5/10, а Monster, како еден од најдобрите стрипови кои сум ги читал, добива 9/10.
Оцена: 9/10
Рецензија напишана од Војдан Андонов од @paragonscomics.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО