Денес е понеделник, 26 февруари 2024
ПочетокФилмовиКомикс МК Рецензија без спојлери - Guardians of the Galaxy Vol. 3

Комикс МК Рецензија без спојлери – Guardians of the Galaxy Vol. 3

Го гледавме Guardians of the Galaxy Vol. 3 премиерно во Cineplexx MK!

Долгото чекање се исплатеше!
Приказна која го доловува срцето на оваа франшиза, ни овозможува уште повеќе да се приврземе и да ја разбереме оваа група на несоодветни ликови. Поединечно и групно, тоа се двата аспекти кои се многу балансирано прикажани, секој карактер си доби доста добар Character Development и поединечен (како и групен) момент кој ќе го паметиме токму по овој филм. Нивната хемија е незаменлива, како вистинска луда фамилија.
Покрај прекрасната режија на James Gunn, тој прикажува вредности кои ги прават овие ликови да бидат сочувствувани и сакани. Бевме сведоци на тага, љубов, суровост, реалност, непредвидливост, гнев, завист, пожртвуваност, совршена несовршеност и втора шанса. Доколку треба да издвоиме вредни поуки од некој Marvel филм и да размислиме за одредени аспекти во нашите животи, тоа е дефинитивно од овој.

Guardians of the Galaxy Vol. 3 Big Game Trailer Shows More Baby Rocket and Teases 'One Last Ride'

Актерите како и во минатото, си ја завршија работата на врвно ниво. Буквално немаше еден кој потфрли, голема пофалба до извонредната глума на Chukwudi Iwuji во улогата на High Evolutionary. Негативецот е прикажан straight-forward, без отстапувања, но тоа е сосема ОК бидејќи неговата цел е единствена, сурова, злобна и до некој степен практична. Динамиката помеѓу него и Rocket е навистина моќна. Origin приказната на Rocket е моторот на филмот, секој негов момент е значаен, полн со емоции и надеж, не натера да чувствуваме, да се грижиме и да ги споредиме одликите со нашите сопствени животи/општество.

Let's talk about the 'Guardians of the Galaxy Vol. 3.' villain, The High Evolutionary - DraftKings Nation

Мора да истакнеме дека ликот на Gamora ни отави посебен впечаток бидејќи е многу точно и логично опишана, исто и ликот на Nebula која има можеби најголем Character Development низ целата франшиза. Дури и Star-Lord си има достојна приказна во овој филм исто како Drax и Mantis, а Groot е тотален Bad-Ass! Дури и Cosmo имаше значајна улога. James Gunn навистина им даде дух на овие ликови, преку неговата оригиналност и креативност. Ликот на Adam Warlock беше точно доловен, иако можеби беше малку во сенка на сите други случувања, сепак треба повеќе простор и време да се развие.

DiscussingFilm on Twitter: "New look at Will Poulter as Adam Warlock in 'GUARDIANS OF THE GALAXY VOL 3'. https://t.co/kLFZuqVe78" / Twitter

Темпото беше сосема ОК, додека пак тонот беше доста мрачен, ова е со сигурност еден од потемните Marvel Studios филмови (во смисла на Dark приказна, не на боите).

What GUARDIANS OF THE GALAXY VOL. 3 Revealed about Rocket's Backstory with the High Evolutionary - Nerdist

Влеговме во кино салата со други очекувања, нема да откриеме ништо, но кога малку подобро размисливме, поентата која пробува да ни ја долови писателот/режисерот е дека скоро сите Чувари имале доста тежок живот, а во овој филм го добија тоа што го залужуваат. Крајот има прекрасна порака и момент кој е една голема ТОЧКА на оваа франшиза, иако не се чувствува како крај. Сепак едно големo ФАЛА за ова љубовно писмо, уживавме.
Продукцискиот дизајн, визуелните ефекти, костумите и шминката беа одлични. Акцијата исто така беше добро осмислена (посебно една сцена која е помеѓу подобрите кога станува збор за Comic-Book филмови), иако на моменти ни фалеше малку повеќе. Музиката од новиот албум беше соодветно селектирана, одговараше во сите можни сцени!

Track list revealed for Marvel Studios' Guardians of the Galaxy Vol. 3: Awesome Mix Vol. 3 | Marvel

Покрај целата забава, добра комедија, емоции и акција, сепак за нас првиот Guardians филм ќе остане супериорен (и еден од најдобрите Marvel филмови), поради оригиналноста, запознавањето на ликовите и приказната/темата која за тоа време ја немавме видено во ниту еден Comic-Book филм. Во третиот дел, на моменти се чувствувавме како да ги имавме веќе видено дел од настаните.
Издвоивме една многу значајна порака, која ни даде мотив и поттик да бидеме благодарни и присутни на тоа што сме, тоа што го имаме и сме го почувствувале. Овој цитат кој го кажува ликот на Lylla, го пишуваме на најсличен начин на кој што се сеќаваме (бидејки сеуште не можеме да ја најдеме таа сцена на интернет).

Не се важни рацете кои те создале, туку оние кои те водат.

Прифаќање, љубов, искреност, фамилија, музика и гледање напред. Суштината на оваа франшиза.
Guardians of the Galaxy Vol. 3 е филм кој вреди сите да го погледнат и да се внесат во оваа последна космичка авантура која е достоен крај на ликовите кои засекогаш ќе останат во нашите срца.

8.3/10

Рецензијата е напишана од Давид Ристовски.
P.S. Ова е посебно тежок филм за тие што сакаат животни…
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ