Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокСерииJim Carrey во филмскиот универзум на Marvel! Blade и Daredevil наскоро ќе...

Jim Carrey во филмскиот универзум на Marvel! Blade и Daredevil наскоро ќе се појават во Disney+ серија.

Добиваме ТРИ нови гласини кои се директно поврзани со новите Marvel Studios серии на Disney+

  • Најпрво пристигна гласината дека легендарниот Jim Carrey ќе ја игра улогата на MODOK, се очекува да има кратко појавување во серијата She-Hulk која е закажана за во текот на 2022 година.

  • Blade се очекува да се појави во серијата Moon Knight која е исто закажана за во текот на 2022 година. Актерот Mahershala Ali е потврден во улогата на Eric Brooks (Blade) за која следува и соло филм кој во моментов нема најавен датум. Oscar Isaac ќе ја игра улогата на Marc Spector (Moon Knight).

  • Третата и последна гласина за денес, покрај очекуваното појавување на Matt Murdock како адвокат во Spider-Man: No Way Home, новата гласина сугерира дека Daredevil ќе има поголема улога во She-Hulk па дури ќе го видиме и во новиот (спектакуларен) жолт костум кој е директна инспирација од Marvel стриповите. Наводно оваа верзија на Matt Murdock ќе се разликува од Netflix серијата со тоа што актерот Charlie Cox ќе ја повтори својата улога, но овој пат во филмскиот универзум на Marvel. Ликот на She-Hulk (Jennifer Walters) ја има истата професија на адвокат, па токму затоа има причина двата ликови да се соединат, да се потсетиме дека Mark Ruffalo ќе ја повтори улогата на Bruce Banner во серијата.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ