Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокСерииПочина актерот James Michael Tyler, добропознат по ликот на Gunther од FRIENDS...

Почина актерот James Michael Tyler, добропознат по ликот на Gunther од FRIENDS…

Во недела наутро, седмиот ПРИЈАТЕЛ починува на 59 годишна возраст по долга и тешка битка со рак на простатата…

Неговата битка започнува во 2018 година кога му е дијагностицирана четврта фаза на рак, борејќи се повеќе од три години, James починува во својот дом во Los Angeles.

Неговото семејство го опишува животот на Michael:

“The world knew him as Gunther … but Michael’s loved ones knew him as an actor, musician, cancer-awareness advocate, and loving husband, Michael loved live music, cheering on his Clemson Tigers, and would often find himself in fun and unplanned adventures. If you met him once you made a friend for life.”

Актерот јавно објави за дијагнозата преку тажно видео кое беше наменето да даде објаснување за неговото отсуство од документарната епизода ‘Friends Reunion’ која беше кулминација на сите убави моменти низ снимањето, актерите се соединија после цели седумнаесет години.

Неговата улога беше оригинална, смешна, искрена и интересна, заљубен во ликот на Rachel, Gunther се појавува во 150 епизоди низ десетте години од емитувањето на легендарната ситком серија!

Jennifer Aniston и Courteney Cox се простуваат од нивниот колега а пред се и пријател:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

 

James Michael Tyler е познат и по Modern Music, Sabrina the Teenage Witch, Scrubs и други ТВ серии.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ