Денес е вторник, 30 ноември 2021
ПочетокСерииSabrina Spellman официјално доаѓа во Riverdale!

Sabrina Spellman официјално доаѓа во Riverdale!

Warner Bros. TV објавија дека Kiernan Shipka која е Sabrina во серијата Chilling Adventures of Sabrina повторно ќе ја одигра својата улогата на тинејџерската вештерка во следната сезона на Riverdale.

Shipka ја играше улогата на Sabrina Spellman 4 сезони во шоуто кое се емитуваше на Netflix, се дур не беше откажанo во 2020 година.

Иако The Chilling Adventures of Sabrina на Netflix генерално беше поставена во ист универзум како и Riverdale на CW, двете live action адаптации на Archie Comics, имаа многу мал crossover заразлика од стриповите.

Според Aguirre-Sacasa, требало да има crossover помеѓу двете серии во петтата сезона од Chilling Adventures of Sabrina. Приказната, која ќе биде детално опишана во новите стрипови на CAOS comics. Таму би следела војна на вештерките која навидум ги спротивставува ликовите од двете емисии едни против други. Меѓутоа, откако Netflix одлучи да стави крај на Chilling Adventures of Sabrina по четвртата сезона, очекуваниот crossover пропадна.

Сезоната 6 на Riverdale премиерно ќе биде прикажана на The CW во вторник, 16 ноември, во 21:00 часот ЕТ. Ќе трае пет недели, прикажувајќи пет специјални епизоди пред да ја направи годишната пауза во средина на сезоната.

 

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ