Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокФилмовиНови гласини за 'Doctor Strange in the Multiverse of Madness' кои директно...

Нови гласини за ‘Doctor Strange in the Multiverse of Madness’ кои директно се поврзуваат со настаните на ‘WHAT IF…?’

Потврдено е дека настаните од првата анимирана серија на Marvel Studios ќе бидат директно поврзани со случувањата во филмскиот универзум!

ПОТЕНЦИЈАЛНИ СПОЈЛЕРИ ЗА ТИЕ ШТО НЕ JA ГЛЕДАЛЕ ‘WHAT IF…?’

Низ текот на анимираната серија проучивме многу алтернативни настани и ликови кои се од огромно значење за текот на таканаречената Multiverse Saga.

Во центарот на мултиверзумот, The Watcher е задолжен само да набљудува но не и да интервенира. Од него се очекува голема иднина во филмскиот универзум на Marvel како клучна фигура на сите случувања.

Вреди да се напомене дека финалето на ‘WHAT IF…?’ беше спектакуларно, како и неколку поединечни епизоди кои ни оставија посебен впечаток (пример епизодата со Doctor Strange Supreme, Marvel Zombies и онаа со Ultron).

Најновите гласини:

  • Според многу фанови Doctor Strange Supreme е убедливо најдобро изработен лик (заедно со Ultron и Watcher). Новата гласина сугерира дека ќе биде дел од ‘Doctor Strange in the Multiverse of Madness’.

  • По втор пат на филмските платна ќе ги видиме Ultron Bots што сугерира на фактот дека можеби повторно ќе го видиме и Ultron. 

  • Старо-новата гласина сугерира дека Agent Carter ќе биде дел од филмот. Актерката Hayley Atwell ќе ја повтори улогата.

  • Првиот трејлер за филмот се очекува да го добиеме во декември пред или заедно со премиерата на Spider-Man: No Way Home.

Имаме и неколку стари гласини за ‘Doctor Strange in the Multiverse of Madness’. Една од нив е во врска со Illuminati, доколку сте ги пропуштиле, можете слободно да ги прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ