Денес е петок, 28 јануари 2022
ПочетокСерииAdventure Time: Fionna & Cake добиваат своја спин-оф мини серија!

Adventure Time: Fionna & Cake добиваат своја спин-оф мини серија!

Откако HBO Max го дебитираше продолжението на оригиналната серија „ Adventure Time: Distant Lands“ минатата година, повторно објавија дека работат со студиото Cartoon Network уште еднаш за уште еден спиноф. Овој пат приказната ќе се фокусира на карактерите Fionna the human и Cake the cat и ќе бидат оние што ќе ги грабнат своите пријатели и ќе одат во многу далечни земји.

Еве го официјалниот опис на серијата, која го носи работниот наслов „Adventure Time: Fionna & Cake“: „Fionna и Cake со помош на поранешниот крал на мразот, Simon Petrikov тргнуваат во мултиверзумна авантура и патување кон себе откритие. Меѓувремено ги следи нов моќен антагонист, кој демне во сенките, решен да ги пронајде и да ги избрише од постоењето“.

Доколку не сте запознаени со Fionna и Cake, тие беа дел од оригиналниот сериал Adventure time кои се појавуваат во деветата епизода од третата сезона. Во таа епизода Finn и Jake се принудени да ја слушаат фанфикцијата на The Ice King каде што Fionna и Cake се женските верзии на Finn и Јаке.

Adventure Time: Fionna & Cake е анимирана серија , која ќе се состои од 10 епизоди кои ќе траат по половина час. Новата серија доаѓа по речиси четири месеци откако дебитираше третиот дел од минисеријата специјално „ Adventure Time: Distant Lands“.

 

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ