Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокПоп КултураЈутјуберот Shamook доби работа во Lucasfilm по неговото Deepfake видео од Luke...

Јутјуберот Shamook доби работа во Lucasfilm по неговото Deepfake видео од Luke Skywalker во ‘Mandalorian’ сезона 2

Shamook е добропознат по неговите видеа во кои изработува одлични визуелни ефекти како замена за фаците на популарни актери.

Според голем број на експерти и фанови, јутјуберот изработил уште подобри визуелни ефекти на „De-Aged“ фацата на Luke Skywalker.

Студиото на Lucasfilm под името Industrial Light and Magic го препознал овој извонреден талент и одма му понудил работа како дел од тимот за визуелни ефекти (во моментов не е позната точната работа позиција).

Изјавата на еден од вработените во студиото:

“Industrial Light and Magic is always on the lookout for talented artists and have in fact hired the artist that goes by the online persona ‘Shamook’… Over the past several years ILM has been investing in both machine learning and A.I. as a means to produce compelling visual effects work and it’s been terrific to see momentum building in this space as the technology advances.” 

Тимот на Shamook продолжува да работи на нивните популарни Deepfake видеа додека во исто време се фокусираат и на нивната нова работа во Lucasfilm.

Покрај ова видео, има и многу други популарни имитации како следниве:

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ