Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокСерииAssassin's Creed покрај многуте адаптации од видеоигри во серија. Netflix и Ubisoft!

Assassin’s Creed покрај многуте адаптации од видеоигри во серија. Netflix и Ubisoft!

Втората адаптација на видеоиграта Assassins’s Creed овој пат во телевизиска серија од Netflix и Ubisoft склучено со нивниот договор за изработка на серии и филмови од најпопуларните видеоигри од Ubisoft ексклузивно на Netflix.

Во Октомври минатата година Netflix и Ubisoft склучија договор за соработка која би ги донела најпопуларните видеоигри од Ubisoft на платното и малите екрани. Во договорот стои дека ќе се изработуваат филмови, аниме, телевизиски и анимирани серии. Jason Altman и Danielle Kreinik ќе бидат продуценти на секој проект помеѓу Netflix и Ubisoft. Режисер на Тв серијата Assassin’s Creed ќе биде Jeb Stuart познат по филмовите DIE HARD, Another 48 Hours и The Fugitive.

Netflix моментално има и други проекти инспирирани од видеоигрите на Ubisoft како аниме адаптацијата на видеоиграта Splinter Cell со писателот на филмовите John Wick за која се уште немаме официјален датум на издавање, The Divison проект кој е исто така во изработка со актерите Jake Gylenhaal и Jessica Chastain во главните улоги.

Netflix најави аниме адаптација на видеоиграта FARCRY и Captain Laserhawk: A Blood Dragon Remix.

Netflix ќе соработува и со многу други познати компании кои изработуваат видеоигри како: CAPCOM, SONY и XBOX. Во најава имаме проекти од најразлични популарни видеоигри кои ексклузивно ќе ги гледаме на Netflix.

 

 

 

 

 

 

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ