Денес е недела, 17 октомври 2021
ПочетокГејмингE3 2021 Nintendo Direct: Zelda, Super Smash Bros. x Tekken, WarioWare, нова...

E3 2021 Nintendo Direct: Zelda, Super Smash Bros. x Tekken, WarioWare, нова мини The Legend of Zelda конзола и многу други видеоигри

Super Smash Bros. Ultimate x Tekken

Nintendo објави дека Kazuya од борбените игри Tekken ќе биде најновиот лик што ќе се приклучи на Super Smash Bros. Ultimate.

Metroid Dread

Играта изгледа слично на 3DS играта Metroid: Samus Returns, но всушност е директно продолжение на играта за Game Boy Advance, Metroid Fusion од 2002 година, каде што Самус слично мораше да го избегне SA-X.

Metroid 5 – Metroid Dread е најавена за Nintendo Switch и ќе биде достапна за играње на 8ми Октомври 2021 година.

WarioWare: Get It Together!

WarioWare: Get It Together! Продолжението ќе понуди кооперативна игра за двајца играчи, дозволувајќи им на сопствениците на Switch да се здружат за да играат заедно нови мини-игри.

WarioWare: Get It Together! ќе биде објавена на 10 септември за Nintendo Switch.

Shin Megami Tensei V

Најновата игра во долготрајната серија на JRPG игри, SMT V за првпат беше потврдена во 2017 година.

Shin Megami Tensei 5 излегува исклучиво за Nintendo Switch на 12 ноември. Приказната ќе се води со играчите кои патуваат во алтернативна димензија на Токио, што е пост-апокалиптична пустелија полна со демони за борба, но и за пријателство.

Hyrule Warriors: Age of Calamity Pulse Of The Ancients DLC

Pulse of the Ancients DLC ќе биде достапно на 18 јуни и додава разни нови содржини во играта, вклучувајќи и нов карактер за играње. Оваа игра е поставена 100 години пред The Legend of Zelda: Breath of the Wild.

Zelda: Breath of the Wild 2

По долги години на исчекување, Nintendo откри нов трејлер за продолжението на The Legend of Zelda: Breath of the Wild која сеуште нема наслов. Играта ќе биде достапна во 2022 и нема официјален датум.

Додека во трејлерот нема многу детали за новата приказна, може да се види добар дел од gameplay-от.

Како дел од прославата на 35-годишнината од постоењето на „The Legend of Zelda“, Nintendo на E3 2021 објави специјален систем „Game & Watch“ со три класични игри од долготрајната франшиза: оригиналот од 1986 година, неговото продолжение „The Adventure of Link“ и gameboy верзија на „Link’s Awakening“. Оваа мала конзола ќе биде достапна на 12ти ноември.

Освен објавата на новите ексклузивни игри за Nintendo Switch ова е листата на сите други игри кои беа објавени и ќе бидат достапни на Nintendo Switch.

  • Life Is Strange Remastered Collection Nintendo Switch version (Square Enix) – 2021
  • Life Is Strange True Colors Nintendo Switch version (Square Enix) – September 10, 2021
  • Marvel’s Guardians of the Galaxy Switch version (Square Enix) – October 26, 2021
  • Worms Rumble (Team17) – June 23, 2021
  • Astria Ascending (Artisan Studios) – September 30, 2021
  • Two Point Campus (Sega) – 2022
  • Super Monkey Ball: Banana Mania remastered collection (Sega) – October 5, 2021
  • Mario Party Superstars – October 29, 2021
  • Just Dance 2022 (Ubisoft) – November 4, 2021
  • Cruis’n Blast (Raw Thrills Inc.) – fall 2021
  • Dragon Ball Z: Kakarot + A New Power Awakens Switch version (Namco Bandai) – September 24, 2021
  • Mario Golf: Super Rush – June 25, 2021
  • Monster Hunter Stories 2: Wings of Ruin (Capcom) – July 9, 2021
  • Danganronpa Decadence (Spike Chunsoft) – 2021
  • Danganronpa S: Ultimate Summer Camp (Spike Chunsoft) – 2021
  • Fatal Frame Maiden of Black Water Switch version (Koei Techmo) – 2021
  • DOOM Eternal: The Ancient Gods Part 1 (Bethesda) – available today
  • Tony Hawk’s Pro Skater 1 + 2 Switch version (Activision) – June 25, 2021
  • Strange Brigade Switch version (Rebellion Developments) – available today
  • Mario + Rabbids: Sparks of Hope (Ubisoft) – 2022
  • Advance Wars 1 + 2 Re-Boot Camp – holiday 2021
  • The Legend of Zelda: Skyward Sword HD – July 16, 2021
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ