Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокПоп КултураDC забраниле интимна сцена помеѓу Batman и Catwoman за третата сезона од...

DC забраниле интимна сцена помеѓу Batman и Catwoman за третата сезона од анимираната ‘Harley Quinn’ серија

Серија која е навистина уникатна и носи друг шмек кога станува збор за 18+ проектите во светот на DC.

Фановите со нетрпение ја чекаат третата сезона од популарната анимирана R-Rated серија ‘Harley Quinn’ па токму затоа писателите ни открија дека во новата сезона подлабоко ќе навлезат во животот на Poison Ivy како и љубовната врска помеѓу нејзе и Harley.

Главните филмски продуценти на серијата (Justin Halpern и Patrick Schumacker) говорат дека имаат дозвола за скоро сите нивни идеи и креативност кога станува збор за негативците во светот на DC (поконкретно на Gotham) но кога станува збор за суперхероите на DC постојат други правила.

Според замислата на Justin и Patrick, во една од новите епизоди од третата сезона планирале да има интимна (секс) сцена помеѓу Batman и Catwoman која би имала доволно визуелни моменти кои би можеле да се карактеризираат како материјал за 18+ години.

Слушнете што имаат да кажат продуцентите:

„A perfect example of that is in this third season of ‘Harley’ [when] we had a moment where Batman was going down on Catwoman. And DC was like, ‘You can’t do that. You absolutely cannot do that.’ They’re like, ‘Heroes don’t do that.’ So, we said, ‘Are you saying heroes are just selfish lovers?’ They were like, ‘No, it’s that we sell consumer toys for heroes. It’s hard to sell a toy if Batman is also going down on someone.”

Причината е поради продажба на играчки, суперхероите се популарни артикли кога станува збор за деца па токму затоа нивната слика не смее да биде нарушена или загрозена.

Стрип посветен на свадбата за Batman и Catwoman

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ