Денес е вторник, 15 јуни 2021
ПочетокСерииNetflix ја откажа Jupiter's Legacy и закажа нова серија со супернегативците од...

Netflix ја откажа Jupiter’s Legacy и закажа нова серија со супернегативците од истиот универзум SUPERCROOKS!

ТВ серијата Jupiter’s Legacy е откажана после прва сезона на Netflix но во изработка се два нови проекти за супернегативците Supercrooks од универзумот на Jupiter’s Legacy.

Mark Millar писателот на стриповите на Jupiter’s Legacy изјави дека е премногу задоволен од ТВ серијата Jupiter’s Legacy но нема да продолжи со втора сезона. Mark е исто така писател на стрипот со наслов Supercrooks во кој се работи за супернегативците од универзумот на Jupiter’s Legacy и тоа ќе биде следната ТВ серија на која ќе работи.

Моментално од Netflix има два проекти базирани на Supercrooks. Првиот проект ќе биде аниме серија која е моментлано во изработка и премиерно ќе ја гледаме на Netflix кон крајот на оваа година. Анимето ќе се фокусира на карактерот Johnny Bolt и неговите планови за грабеж.

Засега имаме само најава за ТВ серијата Supercrooks лично од нивниот писател Mark.

За ТВ Серијата Mark напиша: “I’ve been asked a lot about what we’re planning next with this world and the answer is to see what the super-villains are getting up to. I’ve always loved crime stories from Scorsese to Tarantino and super-villains are always the most fun part of any superhero story. To do something exclusively focused on the villains they fight just feels incredibly fresh as we explore what it’s like to be a bad guy in a world crawling with good guys who want to put you in jail.

На Netflix вратите за иднината на Jupiter’s Legacy се се уште отворени како и за целиот универзум со тоа што моментлано имаат во план уште неколку проекти кој треба да ги најават во иднина.

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ