Денес е сабота, 20 април 2024
ПочетокСерииНова преработка на класичниот хорор Hellraiser во ТВ серија на HBO Max.

Нова преработка на класичниот хорор Hellraiser во ТВ серија на HBO Max.

Хорор франшизата на Hellraiser од 1987 година ќе добие нова преработка во ТВ серија на HBO Max.

Hellraiser постои веќе цели 35 години со 10 филмови. Франшизата започна со првиот дел како нискобуџетен хорор-филм но со текот на годините и продожениата прерасна во класична и успешна хорор франшиза од осумдесетите па се до ден денес. Hellraiser доби и неколку книги и графички романи за авантурите на Pinhead и неговиот клан Cenobites.

Денес дознаваме дека Hellraiser за прв пат ќе добие ТВ серија која ексклузивно ќе се емитува на HBO Max. Новата ТВ серија на Hellraiser ќе ги истражува мотивите и потеклото на кланот Cenobites. Извршен уредник на Тв серијата ќе биде оригиналниот режисер на првиот Hellraiser филм од 1987 година а режијата на серијата ја презема David Gordon Green познат по преработката на исто така класичен хорор (Halloween) од 2018 година.

Кастингот за главната улога се уште е во рана фаза, но овој пат кастингот бара жена која е грациозна, етерична, заповедничка и кралска. Очекуваме наскоро да дознаеме и по конкретни детали и официјален кастинг за главната улога која во оваа преработка се очекува да биде жена.

 

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ