Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокПоп КултураЕдна од најголемите колекции на Funko Pop фигури во Македонија - Collector...

Една од најголемите колекции на Funko Pop фигури во Македонија – Collector Nomad

Разговараме со Антонио од Кочани за неговата масивна колекција.

Пасија за колекционирање, покрај Фанко Поп фигурите, Антонио собира автограми, книги, стрипови, албуми, постери и стари значки по ново наречени Pin-ови. Зошто Фанко колекција? Како голем љубител на филмови, спорт и историја, компанијата нуди Bubble-Head фигури од скоро сите познати херои, глумци, спортисти па токму затоа ова е перфектната колекција за Антонио. Spider-Man од ‘Captain America: Civil War’ е првата фигура која е купена од колекционерот а одма истиот ден го купил и Iron Man од истата продавница во Грција (иако навива за Team Cap). Во текот на истата година, голем дел од фигурите ги купил од стрип книжарницата Бункер (во Скопје) со голем избор на Фанко Поп фигури.

Годината 2018 го означува дебито на документарецот за како ја креирале формата на Фанко фигурите (голема глава со мало тело) па токму по неговото гледање, Антонио знаел дека нема назад, решен и убеден да ја продолжи неговата пасија и да стане едел од најголемите колекционери на препознатливите производи од Поп Културата.

Документарец за Фанко Поп фигурите со времетраење од 1h 39m:

Моментално неговата колекција содржи 80 Фанко фигури, како голем фан на Marvel, најголем дел се токму од тој универзум, но неговата колекција содржи и фигури од DC comics, аниме, музика, ликови од Disney, музика и друго. Откако пред 3 години ја контактираше компанијата со прашањето „Зошто сеуште нема фигури со тенисери?„ одговорот на тоа прашање беше „We’re working on it!” и конечно годинава се пушти во продажба Фанко фигурата од спортскиот идол на Антонио, Roger Federer.

Големата љубов кон фигурите го натера да изработи и 3Д принтана Фанко фигура од самиот себе!

 

Специјални патувања во Солун, интернет нарачки од Канада, редовно купување од Гоблин (во Скопје) со која има одлична соработка и се редовно снабдени со најактуелните Фанко фигури, така Антонио успеа да ги купи уникатните фигури на Captain America (‘The Avengers’), Michael Jordan, Muhammad Ali како и други ретки фигури во продажба.

За повеќе информации и фигури од колекцијата, посетете го неговиот Инстаграм профил, притиснете ТУКА.

Порака од Антонио: Пазете се, ширете позитива, бидете среќни и собирајте Фанко Поп фигури!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ