Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокСерииНова анимирана Superman серија во изработка од HBO Max и Cartoon Network.

Нова анимирана Superman серија во изработка од HBO Max и Cartoon Network.

My Adventures with Superman доби двосезонска серија од HBO Max и Cartoon Network.

Потврдено е дека Jack Quaid и Alice Lee ќе ги позајмуваат гласовите на Superman и Lois Lane.

Серијата е базирана на оригиналните карактери на DC и ќе ги раскажува авантурите на Clark Kent, Lois Lane и фотограферот Jimmy Olsen кои се во нивните дваесети години.

Серијата ќе спаѓа под coming-of-age жанрот која ќе биде повеќе наменета за помладата публика.

Триото ќе работи заедно во „Daily planet “ како „истражувачки тим за вести“.

Ќе се прикажува како Clark го гради својот таен идентитет на Superman и како ја прифаќа својата улога како херој на Metropolis.

Истовремено и ќе се гради и врската помеѓу Clark и Lois додека споделуваат авантури и се обидуваат да се справат со невољите во градот.

Amy Friedman која е главна во одделот на програми за деца и семејство во WB изјави дека анимираната серија ќе биде свеж старт на Superman.

„Ова ново преземање од тимот на Анимација на Warner Bros. обезбедува модерен, привлечен Clark Kent заедно со бестрашната, паметна Lois Lane, кои се движат по малите задачи за двајцата да станат возрасни и да се обидат да го спасат светот“.

 

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ