Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокСерииНајскапата серија во историјата на човештвото, добива нова режисерка!

Најскапата серија во историјата на човештвото, добива нова режисерка!

‘The Lord of The Rings’ серијата на стриминг платформата Amazon Prime се очекува да биде сензација од невидени размери.

Првата сезона од ‘The Lord of the Rings’ серијата на Amazon Prime ќе има буџет од $465 милиони но покрај тоа се платени и дополнителни $250 милиони со цел да се добијат филмските права за франшизата.

Серијата ќе биде базирана на ‘Second Age of Middle-Earth’ односно пред настаните на ‘The Lord of the Rings’ филмовите.

Шведско-француската режисерка Charlotte Brändström, позната по нејзината работа во над 30 филмови, мини серии и серии како „Grey’s Anatomy,” „The Man in the High Castle,” „Outlander” и „The Witcher,” ќе биде во режија само за две епизоди од вкупно осум во првата сезона. Други филмски продуценти и режисери кои работат на проектот се: J.A. Bayona („Jurassic World: Fallen Kingdom”) и Британско-кинескиот режисер, Wayne Che Yip.

Што има да каже режисерката:

„I’m very excited to be guided through Middle-earth by J.D.’s and Patrick’s vision and immerse myself in the iconic world of J.R.R. Tolkien. It’s a great privilege to be in New Zealand to work with Amazon Studios’ outstanding ensemble of creative talents, there are countless things still to see in Middle-earth, and great works to do.”

Да направиме мала споредба со цел да утврдиме што навистина сума од $465 милиони по сезона, една сезона на ‘Game of Thrones’ има буџет од околу $100 милиони што значи дека ‘The Lord of the Rings’ ќе има 4.65 пати поголем буџет.

Според досегашните информации, втората сезона се снима во исто време со првата со што е најавено дека ќе има по 8 епизоди од сезона кои ќе бидат достапни при крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година (поради одложено снимање како резултат на пандемијата).

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ