Денес е вторник, 15 јуни 2021
ПочетокСерииHe-Man се враќа! First look на Masters of the Universe: Revelation

He-Man се враќа! First look на Masters of the Universe: Revelation

Ако сте голем фан на Masters of the Universe сигурно знаете дека Kevin Smith веќе ни го припрема најдоброто продолжение до сега.

Во едно интервју Kevin изјави дека анимирана серија ќе биде продолжение на серијата од 80-тите години што се емитуваше од 1983-1985 година. Ова ќе биде продолжение на таа приказна.

„Играме со оригиналната митологија и ликови и разгледуваме и копаме подлабоко во некои од нерешените приказни.“

Аниматори на серијата се Powerhouse Animation кои што можеби ви се веќе познати како аниматорите на Castlevania и Blood of Zeus.

Анимираната серија ќе биде поделена во два дела, првиот дел ќе има пет епизоди и премиерно ќе биде прикажана на Netflix на 23 јули 2021 година.

На овој проект се имаат придружено доста познати актери вклучувајќи го и Mark Hamill кој што ќе го позајмува гласот на нашата омилена ѕведа на шоуто Skeletor. Дел од другите актери се: Chris Wood – Prince Adam / He-Man, Sarah Michelle Gellar – Teela, Susan Eisenberg – Sorceress, Liam Cunningham – Man-At-Arms, Lena Headey – Evil-Lyn, Alicia Silverstone – Queen Marlena и Alan Oppenheimer – Moss-Man кој е оригиналниот VA на Skeletor.

После долго чекање Kevin Smith одлучи да ни покаже first look од анимираната серија.

Истовремено додека се припрема новата анимирана серија на Kevin Smith, поради успехот на адаптацијата на Noelle Stevenson, She-Ra and the Princesses of Power, Netflix заедно со DreamWorks работат на уште една нова оригинална адаптација на He-Man која сеуште не се знае дали ќе биде поврзана со She-Ra.

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ