Денес е сабота, 26 ноември 2022
ПочетокФилмовиNetflix најави нов оригинален анимиран филм за Ultraman.

Netflix најави нов оригинален анимиран филм за Ultraman.

Netflix во изработка на нова оргинална приказна на јапонскиот суперхерој Ultraman.

Netflix во 2019 година изработија анимириана серија која се поврзува дирекно со оригиналната и прва серија на Ultraman од 1966 година.

Денес дознаваме дека Netflix има повторно во изработка Ultraman проект но, овој пат ќе биде анимиран филм со нова оригинална приказна за јапонскиот суперхерој, кој ќе има потенцијал да ја привлече и пошироката публика.

Оригиналната приказна ќе ја следи бејзбол суперѕвездата Кен Сато, кој се враќа во Јапонија да ја земе мантијата на Ултраман. Работите не одат баш по неговиот план, и тој наидува на новороденче каиџу чудовиште кое сака да го одгледува како свое. Се чини дека каиџуто е само еден дел од животните проблеми на Сато, бидејќи тој исто така мора да се грижи за односите со отуѓениот татко и одбранбените сили на Каиџу.

Aнимација ќе ја прават Tsuburaya Productions и Industrial Light and Magic во соработка со Netflix Animation a, честа да биде режисер е Shannon Tindle позната по Caroline (2009) и Kubo and the Two Strings (2016).

 

Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ