Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокСерииWolverine серија е во изработка за Disney+ (Гласина)

Wolverine серија е во изработка за Disney+ (Гласина)

Антологиска Wolverine серија е во изработка од страна на Marvel Studios!

Кога станува збор за X-Men, скоро сите фанови со нетрпение го чекаат дебито на еден од најпознатите comic-book ликови во историјата, овој пат во филмскиот универзум на Marvel. Во 2019 година компанијата Disney го откупи 20th Century Fox студиото за цели 52 милијарди долари, па токму затоа филмските права на X-Men, Fantastic 4 и Deadpool се вратија во споственост на Disney. Иако е рано да се дискутира за потенцијални филмови со оглед на фактот дека првиот човек на Marvel Studios (Kevin Feige) изјави дека веќе се во изработка филмови и серии за мутантите во филмскиот универзум, сепак ни пристига информација дека во рана фаза на изработка е антологиска Wolverine серија за стриминг платформата Disney+.

Што значи Антологиска серија?

Каркактерот Wolverine е бесмртен па токму затоа низ стриповите има долга историја и приказни кои се раскажуваат низ голем број на стрипови во кое дејството се одвива низ стотици години. Планот е серијата да има неколку сезони и во секоја од нив да биде опишана различна приказна за Wolverine низ годините, нешто слично на серијата ‘American Horror Story’ во која доживува посебни приказни во секоја сезона.

Зошто ова звучи на перфектен план од страна на Kevin Feige?

Со ваков тип на серија ликот на Wolverine ќе доживее феноменален Character Development со што ќе може многу лесно да се интегрира во сите тимски филмови како X-Men, Avengers и други планирани настани во филмскиот универзум, дополнително на фактот дека еден ваков лик има голем број на приказни кои вредат да се видат во играна серија. Дејствата на првата сезона би биле класична origin приказна за ‘Weapon X’ програмата во која Logan ги добива канџите од Adamantium, други стрип-приказни кои би биле адекватни се: ‘World War II Wolverine’, ‘Wolverine in Madripoor’, ‘Enemy of the State’, како и многубројни приказни за Wolverine во Јапонија а можеби еден ден ќе ја видиме и легендарната ‘Old Man Logan’ приказна која ќе наликува повеќе на стрипот бидејќи би вметнале голем број на ликови од филмскиот универзум на Marvel.

Во текот на годинава се очекува да има и официјална потврда од страна на Marvel Studios, имајте на ум дека моментално се бараат глумци и режисер кој ќе биде назначен за еден ваков проект.

Дали би можеле да очекуваме некој не толку познат глумец или можеби некој Канаѓанец?

Останува да видиме!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ