Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокСерииMarvel’s What If…? Chadwick Boseman’s Return as T’Challa + Leaked Photos

Marvel’s What If…? Chadwick Boseman’s Return as T’Challa + Leaked Photos

 Што да очекувате од првата анимирана серија на Marvel Studios?

Дали сте знаеле дека ‘What If…?’ ќе биде првиот анимиран проект на Marvel Studios, ќе го доживее своето деби за само неколку месеци (во лето 2021) на стриминг платформата Disney+.

Вкупно ќе има 10 епизоди и всушност секоја епизода ќе биде алтернативен настан во филмскиот универзум на Marvel како на пример:

Што ако Captain America е зомби?

Што ако Ultron ги собере сите Infinity Stones?

Што ако T’Challa патува низ галаксијата и ја земе титулата на Star-Lord?

Што ако некој друг го касне радиоактивен пајак наместо Peter Parker?

Нараторот во серијата ќе биде ликот ‘Uatu The Watcher’ (гласот на актерот Jeffrey White) од групата на Watchers кои се дел од стара напредна цивилизација и имаат за задача да ги набљудуваат настаните низ универзумот без да учествуваат во нив (може да интервенираат само во настани кои претставуваат закана за универзумот). Ги видовме на само неколку секунди во фиолмот ‘Guardians of the Galaxy vol.2’ како дел од cameo-то на легендарниот Stan Lee.

Имајте во предвид дека голем дел од глумците во филмскиот универзум на Marvel ќе ја повторат својата улога (нивниот глас) па токму затоа анимираната серија е уникатна сама по себе.

Сите актери на сликата ќе бидат гласот на своите улоги во анимираната серија

Смртта на актерот Chadwick Boseman донесе голема тага кај сите фанови низ светот, покрај тоа што беше одличен глумец, неговата улога како единствениот крал на Wakanda имаше огромен ефект низ културата во светот па токму затоа со ‘What If…?’ за последен пат ќе имаме шанса да се збогуваме со неговата улога бидејќи потврдено е дека актерот веќе го снимил својот глас за сите сцени во улогата на T’Challa а веќе е одлучено од страна на Kevin Feige и Marvel Studios дека во вториот дел на ‘Black Panther’ некој друг лик (пример Shuri) ќе ја превземе суперхеројската титула. Ликот ќе доживее алтернативна улога како детето кое ќе ја патува галаксијата со Yondu и притоа ќе ја превземе улогата на Star-Lord.

What if T’Challa became Star-Lord?

Анимацијата ќе биде необична и уникатна во споредба со една стандардна анимирана серија како резултат на големите буџети кои се вложени во Marvel Studios сериите на Disney+ а притоа е најавена и втора сезона која се очекува да дебитира во текот на 2022 година.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ