Денес е петок, 1 јули 2022
ПочетокПоп КултураDisney изработи вистински Lightsaber!

Disney изработи вистински Lightsaber!

Вистински Lightsaber? Сонот на секој Star Wars фан!

На последната прес-конференција на Disney под името „A Special Look Inside Disney Parks“ која е наменета за инвеститори, компанијата демонстрирала вистински Lightsaber ни открива претседателот на одделот за забавните паркови на Disney, Josh D’Amaro. Овој нов и иновативен изум е предвиден за новата Star Wars атракција во Disney парковите (која има специјален дел наречен „Build Your Own Lightsaber“) како и за во хотелите кои ќе бидат целосно тематски со соби во стилот на легендарни сцени од филмовите со цел да додадат поголема вредност на фановите при посета на овие атракции.

Едно од главните прашања е дали тој Lightsaber навистина може да сече како во филмовите? Одговорот на тоа прашање е НЕ, според информациите кои беа објавени, мечовите се дизајнирани со спецјални LED светлa кои при самото уклучување на Lightsaber-от тие го даваат буквално истиот процес и изглед како во филмовите. Во патентираниот дизајн на компанијата дознаваме дека производот е дизајниран да создаде енергетски ефект на меч (што во превод значи Lightsaber).

Кога велиме „вистински Lightsaber“ не мислиме на меч направен од Kyber кристали како во филмовите, туку на изум кој со денешната технологија е најблиску до вистински Lightsaber.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ