Денес е петок, 19 април 2024
ПочетокСерииШто знаеме за The Witcher сезона 2?

Што знаеме за The Witcher сезона 2?

Сите информации на едно место вклучувајки и слики од снимањето, нова актерска екипа, Wild Hunt и враќање на Wolfgang Stegemann.

Повеќе од една година подоцна и неколку месеци по првичната цел, Нетфликс го заврши снимањето со The Witcher сезона 2. За да го прослави крајот на снимањето Нетфликс објави ново видео зад сцената и најави дека новата сезона ќе дебитира во 2021 година. Втората сезона се снимала 158 дена, на 15 различни локации, со вкупно 89 актери и повеќе од 1200 членови на екипажот. Ова се импресивни бројки, особено кога се разгледуваат пречките во производството.

Нови членови на актерската екипа.

Изминатите неколку недели имаше големо покритие за The Witcher: Sigismund Dijkstra, Philippa Eilhart и Mother Nenneke беа меѓу ликовите што ги објави и потврди Нетфликс во големото соопштение за актерската екипа. Еве некои и од останатите карактери и актери кои ќе бидат престравени во новата сезона.

Adjoa Andoh – Nenneke                         Sam Hazeldine – Eredin

Cassie Clare – Phillippa Eilhart                Niamh McCormack – Lara Dorren

Liz Carr – Fenn                                     Ann Firbank – Ithlinne

Graham McTavish – Dijkstra                   Joseph Payne –  Jarre

Kevin Doyle – Ba’lian                             Ed Birch – King Vizimir

Simon Callow – Codringher                    Ania Marson – Voleth Meir

Chris Fulton – Rience                            Emily Byrt – Aylne

Исто така уште во Февруари 2020 година беше изјавено дека Kim Bodnia ќе ја игра улогата на Vesemir.

Witcher ќе го претстави Wild Hunt во Сезона 2

Се чини дека 2-та сезона од The Witcher ќе земе уште еден главен фактор со претставување на The Wild Hunt. Британскиот актер Sam Hazeldine ќе го игра Eredin, господарот на „The red riders“, кои се физичко олицетворение на митолошкиот Wild Hunt. Eredin е попознат по улогата на кралот на Wild Hunt и немисис на Geralt во The Witcher 3: Wild Hunt.

За многу фанови, сепак, доаѓањето на Eredin ќе предизвика најголема возбуда. Со оглед на тоа како се оставија работите на крајот од сезоната 1 на The Witcher, се претпоставуваше дека ќе биде долг период дур Wild Hunt се појави во серијата. Но во финалните денови на снимање на серијата беа забележани како снимаат на плажа во Северен Девон, Англија. Некои од снимките се многу детални и можете да видите колку е разработен дизајнот на оклопот. Иако повеќето се запознаени со The Wild Hunt од играта најверојатно ќе бидат претставени на поразличен начин со оглед на тоа што серијата ја снимаат по книгите на Анджеј.

The Witcher снимаа борбена секвенца со кореографот Wolfgang Stegemann.

Веројатно најимпресивната сцена во првата сезона на The Witcher беше битката против Renfri и нејзините потрчковци на самото место на пазарот во Blaviken. Wolfgang Stegemann ја кореографираше сцената вo Blaviken, која е општо признаена како најдобра борбена сцена досега и една од најдобрите борбени сцени за ТВ.

Како што започна снимањето за втората сезона на The Witcher, Stegemann бил забележан на лице место со неговата екипа и се чини дека уште еднаш е заинтересиран за снимање на одлучувачка борбена секвенца.

Според нашите претпоставки новата сезона би можела да биде достапна до крајот на месец Август а трејлер да добиеме во почетоците на летната сезона. Сите нови информации ќе бидат достапни на нашата веб страна. Читајте не!

Ива
Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ