Денес е вторник, 5 јули 2022
ПочетокГејмингFinal Fantasy VII Remake Intergrade - Ново DLC ова лето. Yuffie пристигна...

Final Fantasy VII Remake Intergrade – Ново DLC ова лето. Yuffie пристигна во Midgar!

Square Enix го потврди официјалното име за DLC-то на Final Fantasy VII Remake Intergrade – Episode INTERmission.

Episode INTERmission е DLC поврзан специјално со Final Fantasy VII Remake Intergrade на PlayStation 5.

Заедно со насловот беа дадени и нови информации за елементите на играта со Yuffie во Final Fantasy 7 Remake Episode Intermission. Главниот лик на епизодата е Yuffie Kisaragi – VA Suzie Yeung. Во епизодата Yuffie ќе се инфилтрира во корпорацијата Shinra за да украде моќна материја и да ја врати гордоста на својата татковина. Карактерот користи близок и далечен комбат и е член на Elite Corpse на Нинџа оперативците на Wutai, нејзината уникатна способност е „throwing star”. Square дадоа и дополнителни информации за нејзиниот комбат.

Таа е во состојба да напаѓа со „Ninjutsu” од долг дострел, нападите на Ninjutsu првично предизвикуваат неелементарна штета, но можноста Elemental Ninjutsu може да го промени афинитетот на нападот кон оган, мраз, молња или ветер, што го олеснува искористувањето на непријателските слабости.

Штетата предизвикана од способноста на Yuffie – „Banishment” се зголемува со трошење на ATB на други команди, а неговиот елементарен афинитет може да се смени со Elemental Ninjutsu.

Оружјето автоматски ќе се врати кај Yuffie по одредено време, но исто така можете да го добиете порано со притискање на триаголник.

Подоле може да погледнете неколку слики од Yuffie во акција кои што беа објавени од Square Enix.

Исто така Square објавија слики со нови информации за карактерите кои ќе бидат во ова епизода и нивните гласовни актери.

Sonon Kusakabe – VA Aleks Le, воин кој потекнува од Wutai, кој бил трениран од таткото на Yuffie и сега ја придружува во INTERmission.

Weiss – VA Daman Mills е садистички владетел на строго тајниот подземен истражувачки центар на Shinra, Deepground. Weiss може да е веќе познат на многу FF7 фанови бидејќи е голем дел од играта Dirge of Cerberus и исто така се појавува и во Crisis Core.

Другите споредни карактери на кои им ги добивме имињата се Nayo, Polk, Billy Bob и Zhijie.

Final Fantasy 7 Remake Intergrade ќе биде достапна како физичко и дигитално стандардно издание и како дигитално делукс издание во продавницата на PlayStation на 10 Јуни.

Final Fantasy 7 Remake Integrade е достапна за пред нарачка, дигитално стандардно издание за 69,99 американски долари или дигитално делукс издание за 89,99 американски долари преку продавницата на PlayStation. За корисниците кои веќе ја имаат Final Fantasy 7 Remake за PS4, со инсталирање на PS5 бесплатно се добива PS5 верзијата, а новата епизода со Yuffie ќе биде достапна како посебна набавка на PlayStation Store за 19,99 долари од 10 Јуни.

Тука може да го погледнете треилерот кој излезе на PlayStation State of Play настанот.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ