Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокГејмингНовото оружје на Ratchet and Clank: Rift Аpart овозможува телепортирање на различни...

Новото оружје на Ratchet and Clank: Rift Аpart овозможува телепортирање на различни предмети и карактери од други PS видеоигри (Видео)!

Оружјето наречено RYNO 8 e меѓудимензионален пиштол кој има способност да телепортира предмети од други димензии и да ги пушти над непријателите во видеоиграта!

RYNO 8 оружјето се добива со преднарачка на видеоиграта Ratchet and Clank: Рift која PlayStation ќе ја издаде на 11 Јуни 2021 година како ексклузива за PlayStation 5. Меѓудимензионалниот пиштол може да телепортира предмети како животинските машини од видеоиграта Horizon Zero Dawn!

Класичната видеоигра Sunset Оverdrive која оригинално е издадена од Microsoft za Xbox One а сега правата ги имаат PlayStation e исто така дел од Ratchet and Clank: Рift Apart. На кратко можеме да ја видиме маскотата наречена Fizzie од видеоиграта Sunset Оverdrive како излегува од отворен портал со помош на RYNO 8 пиштолот.

Ова е навистина импресивно и ново во светото на видеоигрите. PlayStation продолжуваат да изненадуваат со нови оригинални видеоигри и технологија за иднината на гејмингот за која може да прочитате ТУКА. Читајте не!

Тино
Тиноhttps://www.comics.mk
Ја сум Тино дел од тимот на комиксмк, огромен обожавател на филмот, стриповите, видео игрите и се што е поврзано со поп културата.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ