Денес е четврток, 8 декември 2022
ПочетокГејмингSony работи на нов AI систем кој ќе донесе голема ефикасност во...

Sony работи на нов AI систем кој ќе донесе голема ефикасност во гејмингот

Иднината на гејмингот лежи во рацете на вештачката интелегенција

Во април 2020 година, компанијата Sony оформи посебен сектор кој ќе работи на развивање на вештачка интелегенција за повеќе намени и производи, дознаваме дека работат на многу понапреден вид на AI од тој што моментално го имаме во игрите на Playstation. Целта на овој проект, е да се изработи вештачка интелегенција која ќе ги учи сите потези и стилот на играта на еден гејмер, со цел да може да генерира поефикасни противници и/или пријатели, да сугерира поатрактивни места за посета и да ви ја доврши мисијата доколку сами не би можеле. Овој систем многу ќе помогне за игрите каде гејмерот треба сам да донесе одлука и според таа одлука да се развива текот на играта, вештачката интелегенција ќе го препознае неговиот начин на игра и токму во негова корист ќе генерира приказна која најмногу ќе одговара за него.

Извршниот директор на Sony, Kenichiro Yoshida проговори за соработката помеѓу двата сектори на компанијата (AI и гејминг секторот):

„Sony AI, which we established last year, has begun a collaboration with PlayStation that will make game experiences even richer and more enjoyable. By leveraging reinforcement learning, we are developing Game AI Agents that can be a player’s in-game opponent or collaboration partner.”

Патентот кој компанијата го регистрира го има следниот наслов: „Профил на вештачка интелегенција која го учи начинот на игра од еден гејмер”

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ