Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокПоп КултураСеверна Кореја - Единствената држава во која е забрането да се гледа...

Северна Кореја – Единствената држава во која е забрането да се гледа странски филм

Новиот закон во Северна Кореја носи застрашувачки мерки за тие што ќе гледаат и/или поседуваат странски филм.

Статијата е напишана според сугестија од @cinemstormmk (Инстаграм)!

Неделава беше донесен нов закон во Демократска Народна Република Кореја од страна на Kim Jong-un кој забранува на гледање странски филмови, носење на странска облека (односно таков стил) и користење на сленг кој потекнува од странска држава.

Доколку еден граѓанин на Северна Кореја гледа јужно корејски, јапонски или американски филм ќе заработи казна затвор (работен камп) од 15 години.

Доколку еден граѓанин на Северна Кореја поседува јужно корејски, јапонски или американски филм ќе заработи смртна казна.

Писмото кое го испрати Kim Jong-un до државниот медиум вели дека таквото однесување го карактеризира како „непријатно, индивидуалистичко, антисоцијалистичко однесување“.

Целта на законот е да се запре било какво влијаније на културите од другите држави со цел да не се оформи било каков вид на отпор против власта, во изјавата стои дека се дава голем акцент на младите луѓе кои во последно време имаат малку поинаков стил на облекување од оној што им е пропишан.

Зошто граѓаните на оваа држава сеуште сакаат да гледаат странски филмови и да сурфаат на интернер?

„We had to take so many chances watching those dramas. But no-one can defeat our curiosity. We wanted to know what was going on in the outside world.” Geum-hyok

Според некои информации, веќе подолго време луѓето во Северна Кореја гледаат филмови преку тајни USB-ња (кои ги споделуваат) со пасворд кој не смее да се згреши повеќе од три пати, голем дел од филмовите се пренесени преку граѓани кои деловно патувале во Кина.

Дури има и екстремни примери каде луѓето кои живееле во куќи ја користеле батеријата од својот автомобил со цел да имаат струја и подолго време да го држат телевизорот вклучен.

 

 

 

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ