Денес е петок, 26 април 2024
ПочетокФилмовиПрв официјален ТРЕЈЛЕР за RESIDENT EVIL: WELCOME TO RACCOON CITY!

Прв официјален ТРЕЈЛЕР за RESIDENT EVIL: WELCOME TO RACCOON CITY!

Време е да го искусиме почетокот на злото, само во кино од 24-ти ноември, 2021 година!

Покрај повеќето ‘Resident Evil’ филмови со добро познатата актерка Mila Jovovich низ последните две декади во исчекување е новиот Reboot филм кој ќе даде голема свежина и малку поинаков тон.

Франшизата потекнува од јапонските action-horror зомби игри на Capcom па токму затоа Sony реши да даде зелено светло на еден тотално нов филм кој е закажан за 24ти Ноември 2021 година со насловот “Resident Evil: Welcome to Raccoon City.,,

Прв официјален постер

Режисерот Johannes Roberts ни открива многу повеќе:

“Филмот ќе биде Origin приказна за ‘Resident Evil’. Raccoon City како град ќе има голема улога и дури ќе се чувствувате како да е самостоен лик. Фокусот е на една група луѓе која судбината ги спојува во една мрачна вечер, секој од нив ја гледа и ја преживува апокалипсата од посебни агли бидејќи потекнуваат од различни места. Некои од нив живеат и се пораснати во градот а некои од нив доаѓаат надвор од него.,,

“За мене една од големите одлики за филмот е тонот. Инспирацијата ми дојде од игрите кои беа страшни како да си во пеколот па токму и таква е атмосферата. Постојано врне, гадно е, мрачно е и потоа се меша со една забавна страна, слично на првата игра.,,

“Решивме да изработиме тотално нова Origin приказна базирана на корените од играта и светот на хоророт, голем фан сум на Mila Jovovich во првите филмови но вистинско задоволство е да работам на тотално нова приказна која би сакал да биде нешто самостојно.,,

Режисерот дополнително изјавува дека преработената игра од 2019 година (‘Resident Evil 2’) е голема инспирација за тонот и атмосферата во филмот.

Актерската екипа: Kaya Scodelario, Robbie Amell, Hannah John-Kamen, Avan Jogia, Tom Hopper, Lily Gao, Neal McDonough и Donal Logue.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО