Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокФилмови'Doctor Strange in the Multiverse of Madness' нови гласини! (SPOILER ALERT)

‘Doctor Strange in the Multiverse of Madness’ нови гласини! (SPOILER ALERT)

Мало предупредување, во прилог има шпекулации и гласини за филмот кои има барем мала веројатност да се точни.

POTENTIAL SPOILER WARNING

Факт е дека Doctor Strange непречено ќе влезе во мултиверзумот на Marvel во кој ќе се соочи со непознати предизвици и чудни варијанти на Marvel карактери.

Во прилог ќе ви образложиме неколку гласини кои ќе донесат огромни возбудувања и ќе повикаат на уште повеќе изненадувања во самиот филм.

Гласина 1: Wanda Maximoff ќе биде главниот негативец во филмот, по секоја цена ќе продолжи да ги бара своите деца низ хаосот во мултиверзумот со што нејзините емоции се изворот за застрашувачките моќи кои ги поседува (сепак е Nexus Being). Шпекулацијата се надоврзува со една нова гласина која сугерира дека Wanda ќе има битка со член од X-Men тимот од франшизата на 20th Century Fox.

Гласина 2: Charles Xavier (Professor X) е легендарниот X-Men лик кој ќе се соочи со Wanda и улогата ќе биде повторена од James McAvoy или млада верзија од Patrick Stewart (со помош на визуелни ефекти). Charles ќе биде варијанта која ќе дојде како производ на мултиверзумот но сепак според сите најави на Kevin Feige, X-Men приказните во филмскиот универзум на Marvel ќе се толкуваат со тотално нови актери штом завршат настаните во мултиверзумот. Добиваме и leaked слика од Professor X во филмот, доколку сакате да ја видите притиснете ТУКА.

Гласина 3: Конечно ќе се оформи групата која ќе владее со планетата земја (и потенцијално мултиверзумот), The Illuminati (според познатиот стрип) но ќе има само два оригинални членови: Doctor Strange и Charles Xavier, другите ќе бидат: Captain Carter (Hayley Atwell ќе ја повтори улогата), Monica Rambeau, Mordo (кој е потврден за филмов) и Balder the Brave (полубрат на Thor кој се карактеризира како extra-dimensional being).

Оригиналните членови на Illuminati се:

  • Doctor Strange
  • Professor X
  • Mr. Fantastic
  • Namor
  • Iron Man
  • Black Bolt
  • Black Panther (кој им се придружува покасно)

*Не ја занемарувајте можноста и Hugh Jackman да го видиме во улогата на Wolverine (барем cameo).

Balder the Brave

 

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ