Денес е сабота, 16 октомври 2021
ПочетокСтриповиПовеќе за Shriek - Новиот comic book карактер во 'Venom: Let There...

Повеќе за Shriek – Новиот comic book карактер во ‘Venom: Let There Be Carnage’

Актерката Naomie Harris ќе ја игра улогата на Shriek, карактер кој за прв пат ќе го видиме на големите платна!

‘Venom: Let There Be Carnage’ е закажан за настап во кино од 30-ти септември (за само 9 дена) низ цела Европа. За жал сеуште немаме потврда за новиот датум од единственото кино во Скопје (во моментов на официјалната страна на киното пишува дека ќе биде достапен од 14-ти октомври).

Возбудата расте, време е да го доживееме крвавиот дуел помеѓу Venom и Carnage, но дали е навистина дуел?

Која е Shriek во стриповите на Marvel?

Љубовница на Cletus Kasady (домаќинот на Carnage) и противничка на Spider-Man. Shriek е всушност мутант кој за прв пат се појавува во мај 1993 година во стрипот Spider-Man Unlimited #1.

Вистинското име е Frances Louise Barrison. Како дете се здобила со трауми од нејзината мајка која и извршувала вербално насилство за нејзината прекумерна килажа.

Frances се здобива со желба да стане мајка, па во меѓувреме продава дрога со цел да преживее, нејзините мутантски моќи се будат кога полицаец ја пука директно во главата, суперхеројката Cloak (од тимот на X-Men) е принудена да ја телепортитра во Darkforce димензијата со цел да и го спаси животот.

Моќите кои ги поседува:

  • Летање
  • Манипулација на звук
  • Да изфрла (пука) звучна енергија преку нејзините раце
  • Да се штити со помош на звучно поле
  • Способност да влезе во умовите на луѓето и да ја извлече нивната внатрешна темнина (страв, гнев, омраза), правејќи ги да дејствуваат насилно

Покрај љубовната врска со Cletus Kasady, нејзините моќи се слаба точка за Venom, знаеме дека слабостите на скоро сите симбиоти се високи фрекфенции на звук и оган.

 

Shriek се соединува со Carnage

Останува да дознаеме многу повеќе, првите реакции од ‘Venom: Let There Be Carnage’ можете да ги прочитате ТУКА.

Филмот има времетраење од 1ч и 30м со PG-13 рејтинг.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ