Денес е понеделник, 28 ноември 2022
ПочетокГејмингKena: Bridge of Spirits е нова авантуристичка видеоигра која е достапна за...

Kena: Bridge of Spirits е нова авантуристичка видеоигра која е достапна за играње од денес!

Kena: Bridge of Spirits е акциона-авантуристичка игра од Ember Lab. Приказната ја следи Kena, млад духовен водич кој ги користи своите магични способности за да им помогне на починатите луѓе да се преселат од физичкиот во духовниот свет. Играта е претставена преку перспектива на трето лице. Играчот го користи стапот на Кена за напад на непријателите и нејзината пулсна способност за одбрана од напади. Тие имаат задача да соберат мали духовни придружници познати како Рот, кои помагаат да се завршат задачите и да се борат против непријателите.

Фановите долго чекаа за објавување на Kena: Bridge of Spirits, но чекањето заврши и играта е веќе достана да се игра на PlayStation 4, PlayStation 5 и PC.

Играта требаше да излезе кон крајот на 2020 година, но потоа беше одложен до август 2021 година поради пандемијата. Потоа, следуваше последното одложување до септември 2021 година.

Погледнете го последнит трејлер кој е објавен во чест на премиерата на играта и одлучете дали вие би сакале да ја играте.

Исто така добивме и прв погле на photo mode-от кој што може да го погледнете тука.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ