Денес е петок, 29 март 2024
ПочетокФилмовиCOMICS.MK Black Widow Non-Spoiler Review

COMICS.MK Black Widow Non-Spoiler Review

После многу одложувања и цели 2 години, конечно можеме да се радуваме на нов Marvel Studios филм!

Во зборовите на Vin Diesel, фамилијата е најважната вредност кај луѓето!

‘Black Widow’ е приказна за една комплексна фамилија која на секој чекор се соочува со нови препреки од минатото.

Филм кој долго го чекавме, желба на повеќето Marvel фанови уште од првиот настап на актерката Scarlett Johansson во ‘Iron Man 2’. Гледајќи го филмот, чувствувавме дека во моментов не е место за приказна која се случува во минатото (одма после настаните на ‘Captain America: Civil War’), можеби поради фактот дека се навикнавме на новите/чудни настани кои ќе бидат главната цел на четвртата фаза во филмскиот универзум на Marvel (поточно за сериите ‘WandaVision’ и ‘Loki’)

Почетната сцена и интрото беа навистина изработени до перфекција, во текот на филмот проследивме интензивна акција со погодени филмски композиции. Актерската екипа одлично ја одработи својата улога, посебно ликот на актерката Florence Pugh (Yelena Belova) и David Harbour (Alexei) навистина го долови ликот на „Пензиониран“ Red Guardian со многу комични моменти!

Голем број елементи во филмот беа нови, сепак на моменти како да делуваше дека случувањата се нереални (одредени одлуки беа чудно имплементирани). Акцијата во голем дел од „Hand to Hand“ сцените изгледаше убаво, но во огромните масивни сцени за жал понуди многу малку, ликот на Taskmaster беше добро претставен, но сепак како да фалеа елементи за неговиот карактер (персонални елементи кои ги имаше Bucky во ‘Captain America: The Winter Soldier’) па токму затоа на самиот крај ликот делуваше разочарувачки.

Marvel Studios ни претставија дел од „Origin“ приказната на Natasha Romanoff и Yelena Belova која беше опишана на тажен и трагичен начин, добивме солиден „Character Development“ од двете сестри. Очекувавме дека ќе се појават ликови кои бевме сигурни дека ќе бидат големо изненадување за филмот, сепак не ги видовме (пропуштен потенцијал).

Филм со големо срце, доволно акција и многу смешни моменти кои црпат корења од руско-балкански шеги, сепак на самиот крај приказната делуваше како нешто видено кое нема сопствена уникатност па токму затоа во никој случај не може да се спореди со најдобриот политички-трилер на Marvel Studios, ‘Captain America: The Winter Soldier’.

Нашата прва актерка со македонско потекло беше феноменална во нејзините сцени, ја чека голема иднина и во други холивудски филмови! Повеќе за Симона Живковска можете да прочитате ТУКА.

Сепак оваа рецензија доаѓа од огромни фанатици на Marvel филмови, големи се шансите дека скоро сите „Casual” гледачи ќе уживаат во филмот.

6.6/10

P.S. Единствената After Credits сцена во филмот конечно носи правда за Black Widow!

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ