Денес е петок, 23 јули 2021
ПочетокГејмингWitcherCon - Breakdown на најголемиот Witcher настан досега - Официјален трејлер за...

WitcherCon – Breakdown на најголемиот Witcher настан досега – Официјален трејлер за сезона 2, Манга, Game update и многу повеќе!

После долго чекање се одржа и првиот WitcherCon и со тоа добивме и многу нови новости вклучувајќи го и официјалниот трејлер за втората сезона на The Witcher.

Серијата ќе дебитира на Нетфликс на 17 декември 2021 година. Втората сезона ќе има 8 епизоди и ќе ни открие еден куп нови ликови. Дознавме дека едно од чудовиштата претставени во сезоната 2 ќе биде Leshy.

Нетфликс ни ги открија сите наслови на епизодите освен последната:

  1. A Grain of Truth
  2. Kaer Morhen
  3. What is Lost
  4. Redanian Intelligence
  5. Turn Your Back
  6. Dear Friend
  7. Voleth Meir
  8. …And one that’s “Top Secret”

Освен трејлерот беше и прикажано како ќе изгледа Kaer Morhen во новата сезона, во видеото Inside Kaer Morhen.

 

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за новиот трејлер и што се прикажува во него може да го погледнете видеото подоле каде што има целосно објаснување и сите easter eggs.

 

The Witcher: Nightmare of the Wolf доаѓа на Нетфликс во август.

Нетфликс објави дека анимираниот prequel Nightmare of the Wolf ќе дебитира на 23 август. Овој анимиран филм е изработена од страна на Studio Mir кое е најпознат по својата работа на The Legend of Korra.

Аниме инспирираниот филм ќе се одвива пред настаните во серијата, следејќи го менторот на Гералт, Весемир.

Погледнете и уште едно интересно видео, каде што Studio Mir го објаснува целиот процес на изработка на овој анимиран филм.

 

The Witcher 3 ќе добие бесплатен DLC инспириран од шоуто на Нетфликс

Освен тоа што The Witcher 3 оваа година ќе има next-gen update за новите конзоли, исто така ќе добиеме и dlc кое е инспирирано од серијата на Netflix. Сеуште нема нови информации за што точно се работи.

Next gen update-от ќе биде бесплатен за секој што веќе ја има купено играта, DLC-то не е ексклузивно за новата верзијата, ќе бидат достапно за секоја верзија на играта (вклучувајќи ги и PS4, Xbox One и Switch)

 

The Witcher Ronin

Оригинална манга во антички-јапонски инспириран свет каде убиецот на чудовишта Geralt ја следи митската дама на снегот Yuki Ona. The Witcher Ronin ќе биде самостојна приказна , неповрзана со приказните во видео игрите.

 

Доколку сте колекционери на фигури, може да ги погледнете новите фигури кои беа презентирани на WitcherCon.

 

За сите што немавте можност да го гледате во живо WitcherCon, целиот стрим е достапен за гледање тука.

Иваhttps://www.comics.mk
Professional cosplayer and costume designer.
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ