Денес е среда, 16 јуни 2021
ПочетокФилмовиWarner Bros се незадоволни од 'The Batman' на режисерот Matt Reeves

Warner Bros се незадоволни од ‘The Batman’ на режисерот Matt Reeves

Дали студиото повторно ја прави истата грешка како во случајот со ‘Justice League’ на Zack Snyder!?

Неколку дена кружат неофицијални информации дека Warner Bros не се задоволни со новото издание на Batman во кое главната улога на Bruce Wayne ја има Robert Pattinson, начелно од неговата глума и стил се задоволни, па токму затоа му приложија и нов договор кој го овозможува да биде дел од новите серии во истиот универзум на HBO Max. За договорот можете повеќе да прочитате ТУКА.

Причините кои ги тера да оформат вакво мислење се:

  • Филмот има многу Темен тон
  • Карактерот Bruce Wayne наводно има проблеми со менталното здравје во филмот (нешто слично како ликот на Arthur Fleck во ‘Joker’ филмот)

Дознаваме дека тепањето, мистеријата и атмосферата во филмот ќе влече голема инспирација од стрипот ‘Batman Earth One’ напишан од Geoff Johns (поранешниот филмски продуцент во DCEU) и од стриповите на писателот Scott Snyder.

Earth One – Geoff Johns / The Court of Owls – Scott Snyder

Голем дел од сцените се снименти во градот Liverpool токму поради Gothic градбите кои најдобро го доловуваат темниот дух на Gotham и во приказната има голем број на детективски елементи какви што немаме видено досега од Batman во филм.

‘The Batman’ ќе биде достапен во кино салите од 4-ти Март, 2022 година.

 

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ