Денес е недела, 4 јуни 2023
ПочетокКосплејИнтервју со Ива Стојческа / Avi Cosplay - Нова Косплеј работилница!

Интервју со Ива Стојческа / Avi Cosplay – Нова Косплеј работилница!

Најавуваме уникатна можност да бидете дел од новата Косплеј работилница, предводена од убедливо најдобриот косплеј артист во Македонија!

Работилницата за Косплеј ќе се одржи на 6-ти мај (сабота) во Центар Јадро, со цел учесниците да се стекнат со потребните вештини кои подоцна доколку сакаат, може да ги искористат на натпреварот за Косплеј кој ќе се одржи во септемвриската половина на Нихон-Џи Фестивалот во организација на посветените дечки и девојки од Јапанет МК. Секој учесник има можност да си избере Косплеј кој би сакал да го изработи по негов/нејзин избор (буквално било што), а Ива ќе припреми специјални жаблони кои ќе помогнат да се изведе одреден дел од костумот. Покрај тоа што ќе имате ментор кој е врвен во својата професија, ќе можете да се стекнете со знаење и искуство кое ретко се учи во Македонија, а покрај тоа ќе креирате нешто ваше!
Линкот за пријава https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfUBBqlFqENxG8Z070teAtHID0g2381s9ceFf2V-eAMCOLsdA/viewform
А всушност која е Ива СтојческаAvi Cosplay?
Ива е интернационален Косплеј артист кој професионално работи на нарачки од сите континенти на планетата Земја. Таа веќе 10 години се занимава со Косплеј и учествувала на многу натпревари во нашата држава, а на сите од нив има освоено награда. Покрај искуството во оваа брзорастечка индустрија, таа има искуство и на локално ниво со одржување на неколку работилници и претставување на Косплеј заедницата во Македонија. Ива го има претворено своето хоби во професионален бизнис.

Sylvanas Cosplay

Следува ексклузивното интервју со Avi Cosplay:
  1. Што преставува Косплеј според тебе?
Косплеј е тип на уметност каде што секој може да ја изрази својата креативност и да го оживее својот омилен карактер, воедно и да ги покаже своите вештини за изработка на еден костим. Секој може да биде косплеер безразлика на тоа дали костумот е рачно изработен или купен, најбитна е дружбата и поддршката од таа заедница.

Zinogre Cosplay

  1. Каква можност нуди оваа работилница за младите во нашата заедница?
Косплеј работилницата е креариана со цел да се зголеми самодовербата на луѓето кои што се заинтересирани да почнат да изработуваат косплеј и исто така да им се зголеми знаењето на тие што веќе го имаат започнато тоа хоби. Исто така голема цел е да се зголеми бројката на луѓе кои што сакаат да изработуваат косплеј за да може да се прават поголеми косплеј настани кај нас.

Malthael Cosplay

  1. Дали и како мислиш дека Фестивалот Нихон-Џи помага во развивање на Јапонската (и општо) култура во Македонија?
Нихон-Џи е прекрасен настан каде што можат да се обединат сите тие што се заинтересирани за Јапонската култура. Голем број на луѓе сме што ја делиме истата пасија кон работите што ги нуди Нихон Џи фестивалот и сметам дека тимот на Јапанет.мк се на прав пат кон дополнително развивање на оваа заедница.

Косплеј изложба


Неформалната организација @japan.net.mk е веќе во последните фази од подготовката на второто издание на единствениот фестивал од ваков тип во нашата земја кој има за цел да доближи различни сегменти од јапонското општество, историја, традиција, култура и модерно живеење до македонската публика.
За второто издание на фестивалот (закажано за 27-ми мај), посветениот тим Ви подготвува уште поголема и побогата програма, со голем број на учесници. Македонската публика повторно ќе има можност да ужива во уметничка изложба, работилници, проекции, трибини, презентации, концерти, продажен дел, храна и пијалоци кои ќе ја донесат Јапонија во Македонија.
Да се навратиме на атмосферата од првото издание на фестивалот кое се одржа лани:

Оваа година @comics.mk е официјален медиумски поддржувач, кој ќе се погриши да ви ги пренесе сите новости во врска со фестивалот, како и ексклузивни интервјуа со дел од учесниците и организаторите.
Токму затоа ве повикуваме да донирате (секако кој колку може и сака) со цел да ви доловиме вистинско, комплетно и целосно искуство на фестивалот, а најбитно од сѐ, да ги поддржиме ФАНОВИТЕ од организацијата кои напорно работат буквално секој ден.
Овој настан е „од фанови за фанови“ и е од непрофитна природа, па секоја донација и спонзорство е целосно насочено кон покривање на основните трошоци за изведба на фестивалот.
Донациите се извршуваат преку сметката која ја отвори @japan.net.mk преку македонската Ecrowd кампања, достапна на следниот линк – https://ecrowd.mk/projects/d6209788-ed6e-4931-9c9d-4fb509a46dfb
ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО

ТАЗЕ КОМЕНТАРИ