Денес е сабота, 27 јули 2024
ПочетокСтриповиThe Infinity Gauntlet - Стрип рецензија од PARAGONS

The Infinity Gauntlet – Стрип рецензија од PARAGONS

Стрипот кој е инспирација за двата најголеми Comic Book (и општо) филмови во историјата!

Годината е 2018… Дебитира филмот “Infinity War” на Marvel. Сите сме пре-хајпнати. Одиме во кино со екипата од @comics.mk, го гледаме, и cliffhanger! Се мислиме што да правиме, не копка што ќе се случи, а за вториот дел – “Endgame”, треба да чекаме уште цела година. Трчам по форуми, гледам дека постои стрип “The Infinity Gauntlet” од Jim Starlin, George Pérez и Ron Lim, и го фалат дека има поврзаност со она што можеби би се случувало во “Endgame”. Всушност, така дознавам дека тој стрип е еден од најпознатите на Marvel, и ми станува јасно зошто се одлучиле да го тераат нивниот филмски универзум во тој правец. Веднаш го купувам стрипот, седнувам дома, си правам топло чоколадо, и почнувам со читање на “The Infinity Gauntlet”.
“The Infinity Gauntlet” е приказна за епската битка помеѓу лудиот титан Thanos и најголемите суперхерои од светот на Marvel. Приказната почнува бавно, додека да се соберат сите херои и да спремат план, но сепак има некоја доза на интрига и мистерија. Некаде на пола од стрипот, дејствието почнува да забрзува, и приказната станува навистина интересна. За многу читатели, овој стрип од Jim Starlin претставува ремек дело кое доловува доста прекрасни моменти и емоции кои остануваат запаметени и децении подоцна. Нарацијата е одлична, со пресврти кои никогаш не би ги очекувале, особено ако сте нови во светот на Marvel и не знаете кој херој што може да направи. Цртежот е исто така одличен, особено имајќи во предвид дека станува збор за стрип стар повеќе од 30 години.

Најголемата разлика помеѓу стрипот и филмовите се ликовите на Adam Warlock и Silver Surfer. Најголема улога во стрипот ја има Adam Warlock, и без него, приказната не би функционирала на толку длабоко ниво. Тој е оној кој ги спојува сите, тактизира, и ја води битката против Thanos. Може да се каже дека улогата која што ја има Tony Stark во филмовите, тој ја има во стриповите. Nebula, ќерката на Thanos, има исто така многу различна и поголема улога од онаа во филмовите, и дури во еден момент добива контрола врз infinity gauntlet-от. Интересен концепт е и ликот Death во кого Thanos e смртно заљубен.

Покрај убавите зборови, овој стрип има и негативности. Имено, често знае да се тргне од главната приказна и да даде внимание на настани кои не се толку важни. Друго што не ми се допадна е тоа што стрипот е преоптоварен со карактери, но од друга страна разбирам како квантитетот на ликови е важен за да се докаже дека Thanos е ѕверка и мора апсолутно сите да се борат против него за да биде поразен.

Оценка: 7/10

Рецензијата е напишана од Exodius.

ПОВРЗАНО

ОСТАВИ ОДГОВОР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име

- Реклама -

НАЈПОПУЛАРНО